Столтенберг: На вас е дали ќе гласате на референдумот, а НАТО ве чека
Објавено во: Македонија 06 Септември, 2018
НАТО е подготвен да ве прифати, а на вас останува одлуката дали ќе излезете на референдумот и како ќе го изразите вашето мислење на него кажа генералниот секретар Јенс Столтенберг за време на посетата на скопското село Стајковци, кое беше зафатено од поплавите пред две години.
Првиот човек на НАТО вели дека на самитот во јули, сите членки на Алијансата се согласиле Македонија да стане членка и да почне преговори за пристапување.
„Ако го имплементирате договорот за името, ке станете земја-членка на НАТО. Се надевам дека следниот пат кога ќе дојдам тука, ќе дојдам како земја-членка на Алијансата“, кажа Столтенберг.
Тој посочи оти е среќен денеска што го посетува Стајковци, ја посочи помошта што војниците на НАТО ја пружиле на граѓаните пред две години за време на поплавите и истакна дека Алијансата ќе продолжи да биде тука да пружа помош кога е потребно.
- НАТО е повеќе од воена Алијанса, тука сме да помогнеме да ги направиме луѓето безбедни, додаде Столтенберг.