Столтенберг: НАТО не сака сфери на влијание, Русија не одлучува за Македонија
Објавено во: Македонија 26 Април, 2018 13:02
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, денеска потсети дека само Македонија и 29-те земји членки на Алијансата можат да одлучуваат за членството на земјата во Алијансата.
На прес-конференција ден пред состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО членките во Брисел, генералниот секретар Столтенеберг, прашан да ги коментира изјавите на рускиот амбасадор во Македонија дека земјата ќе стане „легитимна цел“ во случај на конфликт доколку стане членка на НАТО, одговори: „Целата идеја дека Русија нема да прифати одредени земји да станат членки на НАТО е идеја на сфери на влијаниа каде големите сили ги контролираат помалите држави и тоа е во контрадикција со се за што НАТО се залага“.
– Прво мислам дека е важно правото на секоја нација да одлучи за сопствениот пат и безбедносни договори, ова е фунадаментален принцип за НАТО. Но, и Русија се заложи за овој принцип во повеќе договори како што е Хелсиншкиот договор од 1974-та години и други документи. На Скопје е да одлучи за сопствениот пат и дали сака да се приклучи кон НАТО. Македонија и 29-те сојузници на НАТО одлучуваат за тоа и никој друг нема збор во овој процес, изјави Столтенберг на прашање на МИА.
Како што јави дописничката на МИА во Брисел, Столтенберг рече дека го поздравува напредокот во преговорите за спорот за името и оти е информиран за тоа.
Столтенберг потсети дека поканата за влез во Алијансата за Македонија од 2008 се уште важи.
Можеби ќе ве интересира
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме




