15 Декември, 2025
0.0633

Стоматолошката комора: Не сме правеле ценовни картели, туку заштитни цени

Објавено во: Македонија 14 Април, 2022 15:45

Добивај вести на Viber

Интегрална реакција од Стоматолошката комора на Македониај за текстот на „Фактор“ под наслов „Вулканизери и стоматолози правеле ценовни картели во Македонија“ објавен на 14.04.2022.

Без да навлегуваме во мотивите, констатираме дека Фактор Портал ДОО Скопје објавил манипулативен текстза работењето на докторите на стоматологија во врска со плаќањето на услугите и изработките во стоматолошките здравствени установи, при што не го почитувал основното новинарско правило да се побара одговор за конкретната тема од другата страна.

Со текстот со наслов ‘’Вулканизери и стоматолози правеле ценовни картели во Македонија’’, погрешно е претставена фактичката состојба и се руши угледот на докторите на стоматологија, кои во насловот се изедначени со вулканизери. Бидејќи не побаравте одговор за конкретната тема, Комората за овој напис објавен на веб-страната faktor.mk, го доставува следниот одговор:

Стоматолошката комора на Македонија, со тужба пред Управниот суд, го оспори Решението бр. 09-11/1 од 04.02.2021 г. на Комисијата за заштита на конкуренција, со кое Комората беше огласена за прекршочно одговорна за сторен прекршок по член 59 став 1 точка 1 од Законот за заштита на конкуренцијата, при што и беше изречена глоба во износ од 20.000,00 денари.  Со Пресуда од 27.01.2022 година, Управниот суд ја уважи тужбата на Стоматолошката комора на Македонија и ГО ПОНИШТИ Решението на Комисијата за заштита на конкуренција, со кое Комората беше казнета со 20.000,00 денари.

Во тужбата со која Комората го оспори Решението на Комисијата, како причина се наведува тоа што во конкретниот случај НЕ СЕ РАБОТИ ЗА ФИКСИРАЊЕ НА ЦЕНИТЕ на стоматолошките услуги, туку за ЗАШТИТНИ (МИНИМАЛНИ) ЦЕНИ, минимум со кој се обезбедува и квалитетна услуга и се зачувува и унапредува здравјето, што Управниот суд го прифати при одлучувањето и донесе Пресуда во корист на Стоматолошката комора на Македонија.

Со ширење на невистинити информации за фиксирање на цените на стоматолошките услуги, преку тенденциозниот наслов кој е во директна спротивност со реалноста, директно се нарушува угледот на докторите на стоматологија, а воедно и погрешно се информира јаноста дека Стоматолошката комора со одлука ги фиксирала цените на пазарот на услуги и изработки во стоматолошките здравствени установи.

Со оглед на фактот дека Решението со кое Комората е казнета со парична казна е поништено со Пресуда на Управниот суд, СКМ во целост ги отфрла манипулативните тврдења дека стоматолозите правеле ценовни картели во Македонија. Како поткрепа на горенаведеното, Ви ја доставуваме и Пресудата на Управниот суд.

Согласно важечката законска регулатива за медиумите, бараме оваа реакција во целост да биде објавена од страна на Фактор Портал ДОО Скопје.


Можеби ќе ве интересира

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“