06 Октомври, 2024
0.0256

„Стопанска банка а.д. Битола“ ги зголемила кредитните пласмани за 5 милиони евра

Објавено во: Економија 07 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Банката бележи солиден раст на приходите од камати, значајно намалување на резервациите за ризични пласмани во услови кога го зголемува нивото на кредитни пласмани и бележи зголемување на депозитите на граѓани и правни лица до ниво од 110 милиони евра 1,5 милиони евра повеќе од истиот период лани „Стопанска банка а.д. Битола“ во првата половина годинава ги зголемила кредитните пласмани за над 300 милиони денари (5 милиони евра) во однос на истиот период лани, а истовремено се зголемиле и депозитите и заштедите на правните лица и на граѓаните, покажуваат официјалните резултати за првото полугодие годинава што ги објави банката денеска. Кредитните пласмани на таа банка на крајот на јуни годинава изнесуваат 5,014 милијарди денари, а лани во истиот период изнесувале 4,07 милијарди денари. Ова е главен показател за експанзивната деловната политика на менаџментот на банката  и за зголемување на пазарниот удел на оваа банка. Паралелно со ова расте довербата на таа банка кај деловните партнери: граѓани, здруженија, компании и други правни лица во земјава. На крајот на првото полугодие годинава депозитите достигнале вредност од 6,83 милијарди денари (околу 110 милиони евра), а во споредба со истиот период лани бележат раст од 98 милиони денари. На страната на активата од билансот на успех забележлив е значаен раст (иако во апсолутен износ е мал во однос на целата актива) на вложувањата на банката во хартии од вредност. Така зголемувањето во однос на првото полугодие лани , годинава е 29,3 милиони денари што изнесува раст од 39 отсто. Кај ставката недвижности и опрема забележливо е раст на вредноста на тие средства за 39 милиони денари до износ од 330,76 милиони денари. Од друга страна пак забележливо е намалување за еден милион евра на вредноста на ставката „превземени средства за ненаплатени побарувања“ што укажува дека менаџментот на банката успеал да се ослободи и да ги конвертира недвижностите во ликвидни средства со кои банката може да да вложува во нови пласмани. Од билансот на успех е забележливо дека нето приходите од камати банката годинава ги зголемила за 23 милиони денари во однос на лани до износ од 126,2 милиони денари. Кај ставката нето приходи од провизии речиси и да нема промени во споредба со истиот период лани и тие изнесуваат 40,8 милиони денари. Кај расходната страна во билансот на успех банката бележи значајно намалување на резервациите за лоши пласмани во однос на истиот период лани. Тој износ е намален трикратно и изнесува 42 милиони денари, а лани во истиот период бил 121,9 милиони денари. Ова значи дека многу мал дел од кредитните пласмани на банката се со високризик и тоа во услови кога има значајно зголемување на кредитните пласмани во споредба со истиот период лани. Најголем раст од ставките на расходната страна има кај трошоците за вработени и тоа од за повеќе од 8,7 милиони денари односно за 13,4 отсто до износ од 73,5 милиони денари. Ова значи дека акционерите набанката не штедат за вработените и за менаџерите и дека со мотивацијата очекуваат и подобри резултати. Во овој период загубата на банката изнесува 13,2 милиони денари и речиси за 5 пати помала од загубата то банката ја книжела во истиот период лани. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?