06 Октомври, 2024
0.0294

Стопанска банка АД Битола oствари раст од скоро 23 милиони денари

Објавено во: Економија 06 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Главен акцент во работењето на Стопанска банка а.д. Битола во периодот од 1.1 до 30.6.2015 година беше ставен врз остварување на клучните стратегиски и деловни цели дефинирани во деловната политика и развојниот и финансиски план на Банката. Притоа, Банката го приспособуваше своето работење на промените во економските услови, модерните банкарски текови и глобалните пазарни случувања.

1. Финансиски перформанси на Банката

Стопанска банка а.д. Битола во периодот од 1.1 до 30.6.2015 година, оствари раст од 22,85 милиони денари, односно 22,11% на нето-приходите од камати во однос на истиот период од 2014 година. Притоа, приходите од камати бележат раст од 17,45% споредено со првото полугодие од 2014 година.

Ваквото остварување, пред сè, е резултат на зголемената кредитна активност, намаленото учество на нефункционалните кредити во бруто-кредитното портфолио на Банката и подобрената квалитативна структура на активата преку насочување на средствата од продажба на преземениот имот во каматоносни позиции. Значајно е што приходите од камати бележат поголема динамика на раст споредено со расходите за камати кои на годишна основа се зголемени за 10,17%. Овој тренд, главно, се должи на повеќекратните промени во Одлуката за политиката на каматни стапки на Банката, главно, во делот на пасивни каматни стапки.

Во услови на зголемен обем на кредитни работи и работи во платниот промет, зголемен обем на работа со платежни картички, распространета мрежа на дистрибуција, како и зголемен број на клиенти, нето-приходите од провизии и надоместоци не бележат значителна промена во однос на првите шест месеци од 2014 година. Истото може да се констатира и за нето-приходите од курсни разлики кои на годишна основа се поголеми за 1,64 милиони денари. Во првото полугодие од 2014 година беше остварен поголем износ на капитални добивки од продажба на преземен имот споредено со тековната реализација што во голема мера дејствуваше во насока на остварување на пониски останати приходи од дејноста во тековната година споредено со минатата година.

Во периодот од 1.1 до 30.6.2015 година, Банката издвои загуба за оштетување на нефинансиските средства, на нето-основа во износ од 42,32 милиони денари што претставува значително помал износ на оштетување споредено со истиот период од минатата година. Ваквото подобрување е резултат на продажбата на позначаен дел од преземениот имот во 2014 година што придонесе за намалување на основата за пресметка на загуба за оштетување на преземениот имот во согласност со Одлуката од НБРМ за сметководствениот и регулаторниот третман на средствата преземени врз основа на ненаплатени побарувања.

Исправката на вредноста на финансиските средства, на нето-основа, за периодот од 1.1 до 30.6.2015 година бележи минимална промена без позначително влијание врз остварениот финансиски резултат споредено со влијанието на останатите позиции.

Како резултат на зголемениот обем на работа, проширувањето на мрежата на експозитури и АТМ уреди, како и зголемениот број на вработени, трошоците за вработените бележат раст од 13,22%, останатите расходи од дејноста се зголемени за 6,04%, а амортизацијата, исто така, е повисока за 13,22%. Имајќи ги предвид остварувањата во приходните и расходните позиции, финансискиот резултат за периодот од 1.1 до 30.6.2015 година е негативен, но е значително подобар од остварениот во текот на истиот период од минатата година.

2. Промени во сметководствените политики и методи на вреднување

Во периодот од 1.1 до 30.6.2015 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување на ставките во финансиските извештаи споредено со последните ревидирани финансиски извештаи за 2014 година.

3. Дивиденди

Во согласност со Одлуката за употреба и распоредување на остварената добивка по годишната сметка за 2014 година на Стопанска банка а.д. Битола, усвоена на седницата на Собранието на акционерите одржана на 25.3.2015 година, дел од добивката на Банката по годишната сметка за 2014 година е распоредена за покривање на загубата од минатите години, а остатокот е распореден во законски резерви. Исплата на дивиденда за 2014 година не е предвидена.

4. Вложување или продажба на материјални средства (недвижности, постројки и опрема) или значителен отпис (поголем од 30% од вредноста на средството споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи) Годишен раст од 13,59% на недвижностите и опремата, главно, како резултат на вложување во деловен простор.

5. Промени во кредитните задолжувања (намалувања или зголемувања поголеми од 30% споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)

Обврските по кредити во 2015 година бележат раст од 4,44% како резултат на поголем износ на повлечени средства од кредитните линии на МБПР во согласност со договорите за кредит, споредено со отплатата на обврските по кредити.

6. Исполнување на планот и очекувања за претстојниот период

Исполнувањето на планот за првите шест месеци од 2015 година во делот на вкупна актива изнесуваше 94,93%, бруто-кредитите на нефинансиски субјекти беа остварени со 94,94%, додека остварувањето на планот кај вкупните депозити изнесуваше 96,23%.

Планот во делот на капитал и резерви беше остварен со 97,73% што придонесе стапката на адекватност на капиталот заклучно со 30.6.2015 година да изнесува 21,11%. Следствено на остварувањата во однос на планот кај позициите од билансот на состојба, финансискиот резултат на Банката е помал од планираниот за 13,78 милиони денари. Во согласност со деловната политика, развојниот план и финансискиот план, Банката и во идниот период ќе продолжи со активностите за наплата на нефункционални те кредити, продажбата на преземениот имот и контролата на трошоците.

Истовремено, Банката ќе настојува, преку понуда на конкурентни производи и услуги, кои во целост ќе одговараат на потребите на клиентите, да го одржи трендот на раст на нето-приходите од камати и да ги зголеми нето-приходите од провизии и надоместоци со што би се создале услови за уште позначајно подобрување на финансискиот резултат.

Можеби ќе ве интересира

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?