СТОПАНСКА БАНКА: Еден милион собрани насмевки, за подобра нега и грижа за децата
Објавено во: Мои пари 26 Ноември, 2014 12:51
„Во динамичното секојдневие, во кое главен приоритет на компаниите е да се постигнат квантифицирани цели не смееме да заборавиме дека мисијата на компаниите не е само растот, успехот и профитабилноста туку и да бидат општествено одговорни и да му возвратат на општеството за постигнувањата особено со поддршка на сограѓаните на кои најмногу им е потребна помош. Затоа, сакаме да го одбележиме овој наш значаен јубилеј со нешто убаво и незаборавно за нашето окружување, за нашите клиенти и сограѓани и да покажеме дека Стопанска банка АД – Скопје останува лидер не само во банкарскиот сектор туку и во општествената одговорност, активност со која посебно се гордееме. 70 годишнината ја прославивме заедно со нашите клиенти и токму денес ќе ја крунисаме со најголемата донација на Детската клиника – Скопје, како и со донација во здравствените домови низ Републиката“ изјави Диомидис Николетопулос, Генерален извршен директор и Претседател на УО на СБ.
Акцијата ја започнаа вработените на Стопанска банка, кои први подарија насмевка, а за многу кратко време, во период од јуни до октомври беа собрани 1.000.000 насмевки. За секоја насмевка Стопанска банка донираше средства наменети за децата на кои им треба помош. Во хуманитарната акција се вклучија познати актери, водители, уредници, автори и други јавни личности давајќи свој личен придонес.
Стопанска банка АД – Скопје во изминатите неколку години донираше опрема и за Детската клиника Козле, на Клиниката за пулмологија и дополнително ја помагаше едукацијата и надградувањето на бројни доктори и медицински лица.
Можеби ќе ве интересира
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА




