17 Мај, 2024
0.0412

Стопанска комора: Косовската мерка е политичка, а не трговска

Објавено во: Економија 10 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Претседателите на Стопанската комора на Македонија и на Сојузот на стопанските комори до крајот на денов можеби ќе излезат со заедничка реакција во врска со трговската војна што ни ја наметна Република Косово, најави Љубица Нури од Стопанската комора.

- Мерката нe е трговска, туку политичка. Трговските мерки се носат во рамките на некои правила, а оваа мерка е вон сите правила.  Очигледно е дека не се работи  за мерка која е во рамките на ЦЕФТА, туку е билатерална од страна на Република Косово кон Република Македонија, за разлика од нашата мерка која беше во рамките на Договорот за ЦЕФТА. Мерката не е пријавена ни во ЦЕФТА Секретаријатот во Брисел со што се потврдува дека се третира како билатерална од Косово кон Македонија, изјави Нури.

Таа посочи дека ЦЕФТА Секретаријатот не може да реагира доколку мерката не е пријавена кај нив и излегува од рамките на Договорот и прецизира дека Договорот за ЦЕФТА е потпишан од страна на УНМИК, а не од Република Косово.

- Затоа Република Косово на некој начин си игра, така што кога е потребно мерката да биде покриена со ЦЕФТА се повика на Догoворот, а кога е вон секој контекст на ЦЕФТА викаат дека е донесена од страна на Република Косово. Без разлика што во размената меѓу двете земји доминира македонскиот извоз сметам дека и косовските бизнисмени ќе изгубат со ад хок донесената мерка, потенцира Нури.

Според неа, станува збор за мерки кои не се консултирани со стопанството и се донесени на ниво на владите. Во моментов, потeнцира, многу е тешко да се прецизира колкава штета предизвикува мерката, бидејќи таа практично стапи на сила од вчера, а за подетални информации неопходно е да се направат согледувања и анкета.

- Трговските војни не водат кон решенија што значат подем и развој... Сигурно е дека доаѓа до прераспределба на трговските сили на Косово и во регионот. Формирањето на пазар со нови играчи во Косово е нормално, бидејќи Хрватска со влегувањето во ЕУ излезе од ЦЕФТА, а Косово нема договор за слободна трговија со Унијата. Од друга страна, таков договор Косово има со Турција и на косовскиот пазар се присутни многу турски бизнисмени, рече Нури.

До Стопанската комора на Македонија досега стигнале рекации од Витаминка, Европа и други македонски компании на мерката воведена од Косово, а Комората, како што нагласи Нури, е во постојан контакт со Стопанската комора на Косово за изнаоѓање решение за проблемот.

Минатата година вкупната трговска  размена на Македонија со Косово изнесуваше 421 милион долари, од кои 392 милиони беа извоз, а 29 милиони увоз. Во првите осум месеци од годинава размената е 145 милиони долари, од кои 132 милиони извоз, а 14 милиони увоз.

Во Косово најмногу извезуваме цемент, лекови, нафтените деривати, производи од челик и железо, цигари, пекарски производи, пијалаци, зеленчук и овошје, а најмногу увезуваме остатоци од челик,  пластични плочи, битумен и асфалт и заварувачки цевки.

Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија