28 Ноември, 2024
0.0279

Стопанската комора ја укинува членарината, ја афирмира Шумановата економска Европа, најавува мега економски проект за обединување на бизнисот

Објавено во: Економија 13 Август, 2023

Добивај вести на Viber

Денеска е 13 август, познат по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор и по роденденот на мојата сопруга. Бидејќи годините за жените не се кажуваат, овие од Охридскиот договор се точно 22. Денот е како роден за поставување на нови одредници што ќе го усмерат развојот. Денеска, гледано од аспект на меѓународните, регионалните и домашните состојби, потребен е нов Шуманов план кој ќе направи пресвртница за доброто на економијата.

Комората, се разбира во делот на бизнисот како најстара и најзначајна бизнис заедница, прва ги прецизира своите ставови кои изгледаат вака:

1.Мора да се подигне лојалноста кон државата.

2.Власта и опозицијата да прекинат со нетрпеливоста и на демократски начин да ја извлечат државата од кризата.

3.Да престане популизмот и да се свртиме кон реалноста.

4.Сивата економија, корупцијата, завршувањето на гасификацијата, состојбите во железничкиот и патниот сообраќај нѐ фрустрираат, а трошењето на буџетот за непродуктивни цели многу нѐ загрижува.

5.Апсолутно сме за европска интеграција, но свесни сме дека европските лидери направија многу преседани на штета на малите земји.

6.Нам ни треба отворање на Балканот, враќање на историјата на историчарите и обединување на бизнисот. За почеток, пристаништето во Солун да биде точка на балканското обединување на бизснисот.

Ние секој ден слушаме како се зборува „вие само барате“. Да, точно е. Ние бараме затоа што создаваме, но не само за себе, туку и за државата и за целото општество.

Овој текст ќе изгледа како сите други, ако не се осврнеме на новите алатки што ни стојат на располагање. Најпрво, Декларацијата за општествен консензус и за економски реформи, политики и мерки. Таа е кратка, јасна и разбирлива за секого. Потпишана од сите релевантни чинители на економските политики во државата. Позната како Рамковен договор за десетгодишен приоритет на економијата. Како резултат на Декларацијата ќе произлезе и договор за регулариње на меѓусебните односи на јавниот и на приватниот сектор.

На крајот клучната констатација. Она што го бараме од државата дали го правиме и ние во Комората? Мислам да. Но, да бидам поконкретен. Неколку пати сум најавувал, а сега ќе им предложам на органите и телата на СКСМ прогласување мораториум за едногодишно неплаќање на членарина од страна на фирмите. За компаниите ова решение можеби и нема да има влијание врз нивните раходи, но тоа е гест дека ние сме свесни за нивните состојби и како заедница сакаме да им помогнеме, откажувајчи се од 40% од нашите приходи кои се обезбедуваат на доброволна основа. Со тоа го продолжуваме она што го направивме за компаниите кога им беше најтешко, како вакцините, како поддршката во енергетската криза, како грантовите за воведување на дуалното образование, како подарените CNC машини, за поддршка на нивниот извоз. И се разбира заедничкиот настап на саемските манифестации во светот.

Но, ова едногодишно укинување на членарината не значи дека во следните 365 дена ќе ги затвориме вратите и ќе ја преспиеме годината. Тука напротив, ќе се мобилизираме и уште посилно ќе работиме за нашите членки.

Обостраната соработка на сите чинители во процесот на стратешката трансформација во Комора на иднината, оваа година ќе ги афирмира и Институтот за извоз, Берзата на труд, Судот на честа, Школата за бизнис лидери, Конференцијата за напредни технологии и Дигиталниот клуб. Арбитражата и Советот за странски инвестиции ќе доживеат сериозни позитивни трансформации.

П.С.  Дали се создадени услови да се премине Рубиконот? Ние сме подготвени да партиципираме во тој процес. Имам една порака до критичарите, да продолжат да не критикуваат со сета жестина, но конструктивно, затоа што со тоа ја држиме нашата кондиција, а кондицијата ни е потребна за да предложиме и еден мега економски проект, кој ќе ја обедини целата економија во државата во наредните десет години. Но, за тоа во наредната колумна. 

Колумна на Бранко Азески, претседател на Стопанска комора на РСМ

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВОРЕН БАФЕТ ГО ПРОМЕНИ ТЕСТАМЕНТОТ: „Не сакам да создадам династија“

ВОРЕН БАФЕТ ГО ПРОМЕНИ ТЕСТАМЕНТОТ: „Не сакам да создадам династија“

ГЕРМАНИЈА НАЈАВИ КРЕДИТ ОД 24 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Ќе гради транспортна мрежа за водород

ГЕРМАНИЈА НАЈАВИ КРЕДИТ ОД 24 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Ќе гради транспортна мрежа за водород

ЈАПОНСКИОТ АВТОМОБИСКИ БРЕНД ИТНО БАРА ИНВЕСТИТОР, РЕНО ГО НАПУШТА: Мерките за спас е многу болни

ЈАПОНСКИОТ АВТОМОБИСКИ БРЕНД ИТНО БАРА ИНВЕСТИТОР, РЕНО ГО НАПУШТА: Мерките за спас е многу болни

РУСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ГО УТВРДИ КУРСОТ: Колку рубљи се потребни за купување еден долар?

РУСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ГО УТВРДИ КУРСОТ: Колку рубљи се потребни за купување еден долар?

5,2 милиони евра за енергетски реформи – започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ-фондови за одржлива енергија

5,2 милиони евра за енергетски реформи – започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ-фондови за одржлива енергија

Подгответе се за Black Friday во Рамстор Мол и во сите Рамсторе Маркети - Големи попусти и многу забава

Подгответе се за Black Friday во Рамстор Мол и во сите Рамсторе Маркети - Големи попусти и многу забава

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 450 ЕВРА МЕСЕЧНО - Дурмиши вели дека за тоа се потребни законски измени, ќе се одлучува во декември

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 450 ЕВРА МЕСЕЧНО - Дурмиши вели дека за тоа се потребни законски измени, ќе се одлучува во декември

ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗАВОДОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛОВЕНИЈА: Наша цел е кандидатите да се вработат кај добри работодавци

ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗАВОДОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛОВЕНИЈА: Наша цел е кандидатите да се вработат кај добри работодавци

ЕСМ бара изведувач за две фотонапонски централи

ЕСМ бара изведувач за две фотонапонски централи