17 Декември, 2025
0.0564

Стопанската комора со позитивна оценка за Предлог-буџетот за 2014-та

Објавено во: Економија 23 Септември, 2013 13:41

Добивај вести на Viber

Проектираните средства за капитални инвестиции зголемени за 20 проценти во Предлог-буџетот за 2014 година се позитивен сигнал, а втората добра страна е најавената реализација на крупните инфраструктурни проекти, оценува Стопанската комора на Македонија.

- Тргнувајќи од фактот што за бизнис-заедницата, буџетот е инструмент за поттикнување на економските активности, најавените 365 милиони евра за капитални инвестиции на расходната страна во Предлог-буџетот за 2014 година, со пораст од 20 проценти во однос на оние од 2013 година, изнудува позитивна оценка, бидејќи продолжува политиката на зголемување на капиталните инвестиции, која е посебно значајна во услови на најавен благ пораст на странската побарувачка во 2014 година, велат од Комората.

Во делот на капиталните инвестиции, посочуваат, позитивно изненадила и подготвеноста за реализација на проектот за опремување на лабораториите, што било барање на бизнис-заедницата во делот на инвестициите во инфраструктурата за квалитет уште во 2011 година.

Во однос на извозот, Комората поконкретни согледувања ќе направи по достапноста на текстот на Предлог-буџетот за идната година.

Предлог-буџетот за 2014 годсина е проектиран на 176 милијарди денари. Приходите се планирани на 158.200 милиони денари, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти. БДП е проектиран на 3,2 проценти, а инфлацијата околу 3,3 проценти.

Можеби ќе ве интересира

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди