Странците навалија по грчките имоти
Објавено во: Економија 24 Септември, 2013 12:52
Во Грција масовно се купуваат имоти од страна на државјани на земји што не се членки на ЕУ, откако властите во Атина го донесоа законот за издавање визи за престој во земјата со рок на важност до пет години на лица што поседуваат недвижности на грчка територија, објави атинскиот весник „Имерсија“.
Ваквите визи се на добар пат да создадат суштински промени на грчкиот пазар за недвижнсоти, бидејќи сега илјадници куќи и станови може да станат сопственост на странци, тврди весникот.
Согласно законот, странци кои на територијата на Грција поседуваат или се во фаза на стекнување на недвижен имот во вредност од над 250.000 евра, имаат право да добијат визи за петгодишен престој во земјата.
Со вакво право ќе се стекнат и лица кои за период од најмалку 10 години под наем зеле хотелски или станбени објекти или туристички комплески, при што нивната наменина е поголема од 250.000 евра.
Грчките власти информираа дека првите визи за петгодишен престој веќе им се издадени на државјани на Русија, Украина, САД, Канада и Кина, кои поседуваат имот во Грција. Врз основа на сопственост на имот барање за визи доставиле и државјани на Индија, Египет и Либан.
Можеби ќе ве интересира
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?
Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно
Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ
Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди




