СТРАНЦИТЕ „ПОЛУДЕЛЕ“ ПО МАКЕДОНСКОТО ВИНО, АМА „НЕ ГО ДАВААТ“ И НАШИТЕ - како „Тиквеш“ направи приход од 22 и пол милиони евра
Објавено во: Економија 03 Август, 2023 08:20
Винарската визба Тиквеш држи лекции за тоа како успешно се работи. Во првото полугодие од годинава компанијата предводена од Светозар Јаневски оствари чист профит од 1,67 милиони евра, што е зголемување за 206 проценти или за повеќе од три пати во однос на истиот период лани.
Популарната винарија го објави својот финансиски извештај преку Берзата, а од него може да се види дека приходите од продажба на вино кои ги оствари компанијата се зголемени значајно, и тие всушност го сочинуваат убедливо најголемиот дел од приходната страна на компанијата.
Да одиме со ред. Вкупните приходи остварени од продажбата во првите шест месеци од годинава изнесувале 22,5 милиони евра, и кај нив во однос на истиот период лани е забележано зголемување за 17 проценти.
Она што може да се забележи од Билансот на успех и што треба да се истакне е дека „Тиквеш“ продал повеќе од своето вино на странскиот пазар, отколку на домашниот, иако приходите од продажба на домашниот пазар имаат повисок раст.
Или, во првото полугодие од годинава, на странскиот пазар е продадено вино во вредност од 12,5 милиони евра, и таму има зголемување за 14 отсто, додека, пак, на домашниот пазар се остварени приходи од продажба на сума од 10 милиони евра, сосема одлична бројка, и кај неа порастот е за 20 проценти во однос на истиорт период лани.
Како што објавија и од самата компанија во своето образложение на финансискиот резултат, вкупните приходи забележале зголемување за 17 отсто во однос на истиот период од минатата година, а трошоците на продадени производи зголемување за 18 проценти, при што се остварила бруто добивка на износ од 437,3 милиониденари, односно 7,1 милиони евра.
„Административните трошоци бележат зголемување за 19 отсто, а трошоците за продажба и маркетинг за 26 отсто. Со оптимизација на останатите оперативни расходи и зголемени останати оперативни приходи за 26 милиони денари, остварена е оперативната добивка на износ од 132,7 милиони денари ( 2,15 милиони евра н.з.), и нето добивката пред оданочување на износ од 119,5милиони денари (1,93 милиони евра -.н.з.), што претставува зголемување за 163 отстпо во однос на истиот период од минатата година“, се вели во образложението од компанијата.
Од „Тиквеш“ уште и информираат дека во првата половина од 2023 година се оствариле вложувања во материјални средства од 107 милиони денари или 1,74 милиони евра.
Се додава и дека промени во кредитните задолжувања, односно намалувања или зголемување поголеми од 30 отсто споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи, не биле остварени.
Инаку, на средината на јуни објавивме дека Светозар Јаневски, кој всушност е и доминантен сопственик, во идниот период ќе ја раководи и менаџира винарската визба „Тиквеш“.
Инаку, ова следува откако директорската позиција во винарската визба „Тиквеш“ ја напушти Радош Вукиќевиќ, за што веќе извести Фактор.
„По дадено мислење согласност и одобрение на Надзорниот Одбор, се овластува членот и претседателот на Управниот Одбор Светозар Јаневски, во односите со трети лица, да го застапува и претставува Тиквеш Кавадарци. Овластениот член на Управниот Одбор за застапување на друштвото го застапува друштвото како овластено лице се до изборот на Генерален директор на АД Винарска визба Тиквеш Кавадарци“, се велеше во тогашната објава која ја испрати компанијата до Македонската берза.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
ТИТАН Усје: Во 2026 година продолжуваме со инвестиции во дигитализација и декарбонизација и очекуваме раст на продажбата
Најдобрите пензиски системи во светот – што покажува индексот и каде е Македонија
Комплетиран новиот Управен одбор на НЛБ Банка Скопје Значајна пресвртница на патот кон стабилност и стратешки раст
Дијаспората лани испратила во земјава 310 милиони евра или 2 проценти од БДП
Екстра непотрошени 15 милиони евра од буџетот одат за „Бехтел и Енка“
СЕ УСЛОЖНУВА ПОСТАПКАТА ЗА КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ ОД ЕУ: Без овој документ не се надевајте да се подновите со ново возило
Германија е во шок, ова никогаш не се случило: Фолксваген ја затвора својата домашна фабрика за прв пат по 88 години
Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци
Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година




