17 Декември, 2025
0.0685

Странски инвеститори ќе основаат македонска авиокомпанија?!

Објавено во: Економија 14 Септември, 2013 14:38

Добивај вести на Viber

Како што  влезе „Етихад ервејз“ од Обединетите Арапски Емирати во Србија, и во Македонија двајца странски инвеститори се заинтересирани за формирање македонска авиокомпанија, објави Нова Македонија. Како што пишува весникот, ако во Србија арапската авиокомпанија влезе со свој капитал во веќе постојната „ЈАТ ервејз“, кај нас ќе треба со капиталот на странците да се формира нова домашна авиокомпанија која ќе користи македонски пилоти, авиомеханичари и кабински персонал. Според директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство Дејан Мојсоски, двете компании чии имиња се држат во тајност заради етичкиот принцип во бизнисот за чување деловна тајна, веќе најавиле дека би инвестирале во македонскиот авиосообраќај, односно во формирање домашна авиокомпанија. Нова Македонија пишува и дека со оваа најава за странски вложувања во авиобизнисот во нашата земја, каде што во последните седум-осум години (по згаснувањето на МАТ) немавме респектабилна авиокомпанија, Владата ја почнува втората фаза од развојот на македонскиот авиосообраќај. Со неа се очекува да се оди на формирање сопствен, македонски авиопревозник, но со странски капитал. Во претходната прва фаза, како што истакна министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, во 2008 година бил потпишан договорот за концесија, развој, финансирање, користење и одржување на аеродромите со компанијата ТАВ, а оттогаш непрекинато се реализираат активности за стимулирање на развојот на цивилното воздухопловство во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди