„Стратфор“ предвидува: Распад на ЕУ и Русија, диктатура во Кина, САД останува сила!
Објавено во: Мои пари 25 Февруари, 2015 20:33
Американската приватна разузнавачка компанија „Стратфор“ во прогнозата за следната деценија наведува дека Европската унија ќе се распадне, Кина ќе потоне во комунистичка диктатура, а Русија дека ќе се распарча.
„Мала е веројатноста дека Русија ќе опстане во сегашниот облик“ поради неуспехот на Москва да ги трансформира приходите од енергентите во самоодржлива економија, што наводно ќе доведе до „повторување на искуствата на Советскиот сојуз во 80-тите години, односно Русија во 90-тите“, наведува „Стратфор“.
Извршниот директор на „Стратфор“ Џорџ Фридман наведува дека „руската сила може да издржи работи кои би ги разбиле другите нации“, истакнувајќи дека земјата има воена и политичка моќ да влијае на Европа.
Според прогнозата на „Стратфор“, евентуални територијални загуби на Русија нема да бидат ограничени на нејзиниот европски дел, туку на Северен Кавказ и на Далечниот исток, а распадот на територијата нема да можат да го запрат службите за безбедност.
Авторите на прогнозите оценуваат дека распадот на Русија ќе биде голем тест за САД, но и дека во процесот на превземање на контролата над руските нуклеарни сили би можело да дојде до употреба на атомско оружје.
„Стратфор“ наведува дека односите внатре во државите на ЕУ се непредвидливи и нестабилни, како и дека тој тренд ќе продолжи, бидејќи не е можно на цела Европа да и одговара една политика.
Кога станува збор за Кина, на неа после „хибридниот пат“ американската агенција и предвидува силна централизација на политичката и економска моќ, што ќе доведе до воспоставување на комунистичка диктатура, а Блискиот исток и Северна Африка ќе бидат изложени на понатамошни судири и дефрагментација.
Можеби ќе ве интересира
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави




