Страв во Мадрид - полицијата откри снимки на терористи
Објавено во: Свет 31 Декември, 2016
Вооружени мажи позирале пред слика на плоштадот „Пуерто дел Сол".
Шпанската полиција е на нога, откако отвори видеа на двајца осомничени џихадисти со оружје, пренесе Франс прес.
„Има кадри на вооружени маскирани луѓе пред Пуерто дел Сол, каде граѓаните традиционално ја пречекуваат Новата година"- соопшти судски извор.
Видеата се поврзани со апсење во средата во Мадрид на двајца шпански граѓани за величење на тероризмот на интернет. При последователните претреси е пронајдена муниција за автомати АК-47 во јужниот дел на главниот град.
Инспекторите пронашле исто во компјутер видео во кое осомничените мавтале со автомат и нож со црното знаме на „Исламска држава".
Овие индиции сепак не се доволни приведените да бидат судени за обид за напад на плоштадот „Пуерто дел Сол", но ќе бидат судени за пропаганда или врбување во корист на ИД. Овој кривично дело е воведено во Шпанија во 2015 година.