Инцидентот се случил околу 18 часот во ресторанот „Подгорски ан“, каде што струмичанецот бил физички нападнат од 4 лица меѓу кои, според пријавата на оштетениот, имало и инспектори од СВР Струмица. Напаѓачите го удирале по телото, го легнале на земја и му ги свиткале рацете.
Напаѓачите биле во друштво на екс министерот Митко Чавков, кој не учествувал во нападот но потоа го прашал нападнатиот од која причинал се осудил да фотографира.
Чавков и неговото друштво го напуштиле угостителскиот објект и со три автомобили си заминале.
Митко Чавков е 6-то обвинет за крвавиот четврток и собраниските насилства на 27-ми април, а во моментов се брани од слобода по приложената гаранција и укинувањето на притворот.




