Стружани повредени во несреќа во Албанија
Објавено во: Македонија 22 Август, 2022 19:09
Во сообраќајна несреќа во Албанија попладнево се повредени двајца жители на Струга.
Несреќата се случила кај граничниот премин Ќафасан, на албанско – македонската граница.
„Во сообраќајната несреќа учествувале автомобил марка „мерцедес“ управувано од В.А.(48) жител на Струга, Македонија и автомобил „голф“ управувано од албанскиот државјанин Д.С.(22). Притоа, со повреди се здобиле двајцата возачи и С.А.(46), жителка на Струга, сопатник во возилото „мерцедес“, јави агенцијата Балкан веб.
Повредените се задржани во болницата во градот Поградец и не се во животна опасност. Како причина за несреќата е наведена неприспособената брзина на движење.
Можеби ќе ве интересира
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина




