Студентите најавија ПРВ Студентски референдум на УКИМ!
Објавено во: Македонија 22 Септември, 2016
Студентскиот пленум го најави Првиот студентски референдум на УКИМ.
Референдумот е закажан за 28 септември а според студентскиот пленум тој ќе биде собир каде што гласот на студентот конечно ќе допре онаму каде што треба.
„По многуте проблеми кои го мачеа автентичното студентско движење, гласот повторно не е кај оние кои се највеќе засегнати - студентите. Моменталното одлучување е во рацето на Универзитетскиот сенат кој не е загрижен за ставот и мислењето на студентите.
Можеме да заклучиме дека слабото студентско организирање и статус квото му одговара на универзитетот, а никако на студентите. Сметаме дека доколку нашиот глас не се чуе онаму каде што треба, никогаш нема да се одговори на нашите потреби и вечно ќе бидеме под камшикот на лошото студентско владеење!“, стои во најавата на Пленумот.
Како најголем проблем до сега се истакнува невладина организација која однадвор учествува во одлучувањето на универзитетот, РЕФЕРЕНДУМСКОТО ПРАШАЊЕ ГЛАСИ:
„Студенту, дали телото кое те претставува, во рамките на универзитетот, да продолжи да биде невладина организација?“
УКИМ НЕ СМЕЕ да одлучува за студентското претставување, без притоа да ги праша студентите!