19 Декември, 2025
0.0646

Студентите се натпреваруваат во планови за енергетска ефикасност

Објавено во: Мои пари 12 Април, 2014 15:13

Добивај вести на Viber

Околу 150 студенти од техничките и економските факултети низ цела Македонија се натпреваруваат во изработка на бизнис планови кои содржат елементи на енергетска ефикасност. Натпреварот официјално започна денеска во рамките на Платформата за енергетска ефикасност на „ЕВН Македонија“ и Министерството за економија, а ќе учествуваат 40 тимови. За подобро и поуспешно учество на овој натпревар студените добија и соодветна обука која се одржа на Деновите на образованието на Скопски саем, каде студентите имаа можност да научат како практично да ја вклучат енергетската ефикасност во процесот на бизнис планирање. Рокот за изработка на бизнис плановите е четири недели, а најдобрите три ќе бидат наградени со 30, 18 и 9 илјади денари. Тимовите ќе можат да ги презентираат сработените проекти на завршен настан, а најквалитетните студенти ќе добијат можност за практикантска работа во ЕВН Македонија за време на летниот период. Во организација на натпреварот беа вклучени и студентските организации AIESEC и IAESTE кои го мобилизираа своето членство низ цела Македонија. Главната цел на Платформата за енергетска ефикасност на ЕВН Македонија и Министерството за економија е подигнувањето на свеста за потребата од користење и имплементирање на енергетската ефикасност особено во компаниите. Користењето на нови енергетски ефикасни технологии во реалниот сектор на долг рок е невозможно без вклучување на младите во овој концепт. Оттука натпреварот за студентите за изработка на најдобар бизнис план со елементи на енергетска ефикасност ќе придонесе за подигнување на свеста кај идните менаџери и инженери за значењето на овој концепт за зголемување на успешноста во работењето.

Можеби ќе ве интересира

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза