Студентите – вајари ја откриваат уметничката страна на бетонот
Објавено во: Мои пари 18 Март, 2016 11:32
Младите студенти вајари, од Факултетот за Ликовни уметности на Универзитетот (ФЛУ) Св. Кирил и Методијод Скопје под раководство на професорите Исмет Раиќевиќ и Гоце Наневски, се во напредна фаза на изработка на скулптурите кои се дел од проектот поддржан од Цементарница Усје, во чии рамки се изработуваа скулптури од бетон. На изработка на скулптурите работат студенти од II и IV година на групата Вајарство на ФЛУ.
Се очекува да бидат создадени околу 6 дела, кои ќе бидат претставени на годишната изложба на ФДЛУ, во мај годинава. Потоа, скулптурите ќе се постават во јавен урбан простор, кој дополнително ќе биде определен.
Цементарница УСЈЕ, која минатата година славеше 60 години од постоењето, иницираше соработка со ФЛУ, во рамките на која ги донираше сите материјали за изработка на скулптури, а дополнително го обезбеди факултетот со машини и алатки за редовната работа на студентите од групата Вајарство. Исто така, копанијата ги отвори своите погони и капацитети за студиски посети на професорите и студентите од ФЛУ, на кои уметниците ќе имаат можност темелно да се запознаат со процесот на производство и со спецификите на материјалите кои имаат широка примена во вајарската уметност и кои ќе го користат не само во текот на студирањето, туку и во понатамошниот творечки развој.
Можеби ќе ве интересира
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави






