17 Декември, 2025
0.0867

СТУДЕНТКА ОД ПАКИСТАН ЗА ФАКТОР РАСКАЖУВА: Како е да се живее во најзагадениот град на светот

Објавено во: Свет 13 Декември, 2018 14:02

Добивај вести на Viber

Има денови кога премногу има смог, и многу луѓе носат маски, за да сè биде во ред, вели за Фактор Асиа Канвал, студентка која живее во пакистанскиот град, Лахоре кој важи за еден од најзагадените во светот.

Во денови кога воздухот е загаден, видливоста е само неколку метри, сообраќајот е густ, а сообраќајките во Лахоре се чести. Сепак, има денови кога него му ја „одземаат“ оваа титула градовите Калкута, Делхи, или Улан Батор.

„Има загадување, поради зголемен сообраќај, а луѓето кои имаат проблем со алергии носат маски. Не возам велосипед, не носам маска, но користам јавен транспорт. Но, сепак не сметам дека сме најзагаден град на светот, и верувам дека има многу други градови ширум планетата кои се позагадени од градот во кој јас живеам. Но, загадувањето не е причина поради која луѓето би се селеле од градот. Полошо е во лето за разлика од зима, тогаш е позагадено“, додава таа.

Но, експерите велат дека изградбата на патишта и сечењето на дрвјата довело до енормно загадување во овој град. Неколку индустриски капацитети ги загадуваат водата и воздухот. Лахоре дополнително не е ветровит град како Карачи, за да може да се ублажи загадувањето.

„Смогот се смета за петта сезона“, пишуваат медиумите за вториот по големина град во Пакистан, а лани само два дена имале чист воздух. Смог има од октомври до крајот на декември.

Астма, инфекции на очи, алергии се најчестите последици по здравјето на луѓето во овој град.

Според пописот од 2006 година, градот Лахоре има 6.5 милиони жители. Го нарекувале град на градини, но денес е сив град поради аерозагадувањето. Meѓународниот фактор им советува да водат кампања против загадувањето, но и да создадат ефективен јавен превоз. 

Пакистан, Индија, Кина, и балканските земји имаат најзагаден воздух во светот.

Имало денови оваа сезона кога и Скопје се искачувал на високото 5 или 6 место во светски рамки. Синоќа тој беше 11 најзагаден град во светот.

Сања Атанасовска

фото AFP/PPI

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави