Студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој
Објавено во: Мои пари 10 Октомври, 2016 12:22
Студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје организираат четвртата „Студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР“.
Конференцијата ќе се одржи од 24-ти до 26-ти ноември 2016 година на Факултетот за електротехника и информациски технологии, во соработка со МАКО – СИГРЕ и македонската секција на ИЕЕЕ (Институт за електроинженери).

На конференцијата ќе се презентираат студентски трудови и ќе се организираат пленарни предавања од професори и компании поврзани со електроенергетската ефикасност и одржлив развој.
Со одржување на конференцијата, според организаторот, ќе се подигне свеста за потребата од енергетска ефикасност и одржлив развој, посебно кај студенттие, ќе се овозможи научно-истражувачка работа на глобални теми, размена на искуство и знаење со експерти и можности за остварување контакти на различни нивоа.
На минатогодишниот СКЕЕОР беа објавени околу 40 трудови со меѓународен карактер, учество на студенти и професори од светски универзитети, пленарни предавања.
Можеби ќе ве интересира
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА




