Судењето за „Титаник 2“ продолжува на 10 мај
Објавено во: Македонија 24 Април, 2018
Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, екс членовите на ДИК, Сашо Срцев, Анета Стефановска и Влатко Сајковски, како и поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков денеска присуствуваа на првото рочиште за слуајот „Титаник 2“, по што процесот продолжува на 10 мај.
Поради изземањето на судиите од Управен суд, СЈО им подели пречистен текст на обвинението.
Инаку, поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими од ДПА, обвинет во „Титаник 2“ за изборни нерегуларности, дојде без адвокат во судница. Него по службена должност Судот му одредил бранител, кој Ибраими сакаше да го отповика, но судијата му посочи дека адвокат мора да има.