Судско рочиште за „Поткуп“
Објавено во: Македонија 23 Февруари, 2017
Опозицискиот лидер денеска повторно ќе седне на обвинителна клупа за слуцајот кој според него е политичка местенка.
Денеска треба да се одржи рочиште за случајот „Поткуп“ во кој Зоран Заев, првиот човек на СДСМ, се товари за наводно мито.
Заев тврди дека случајот што се води против него е смешен и дека никаде во светот не постои обвинение за поткуп без да бидат дадени парите.
Сè уште нема одлука за изземање на обвинителот од случајот-нешто кое го побараа од специјалното јавно обвинителство.
Зврлевски дека предметот што го бара СЈО не е поврзан ниту, пак, произлегува од содржината на незаконското следење на комуникациите.
Заев во овој случај се товари во својство на градоначалник на Општина Струмица.
Наводно од струмичкиот бизнисмен Иван Николов, Заев побарал поткуп од 163.924 евра, или по две евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица.