Сугестиите на ММФ, наредби кои не смеат да се одбијат
Објавено во: Свет 27 Февруари, 2013
Во 1945 година целта на основањето на ММФ била да се намали можноста за избивање на економски кризи во светот. Конечниот ефект беше крајно разочарувачки - од кога е основан ММФ, кризите биле многу чести и подлабоки. Иако примарната цел на Светска банка, декларативно е намалување на сиромаштијата, значи работа во интерес на неразвиените земји, се утврди дека нивната работа пред се се стреми да ги задоволи земјите на Г-7.
Во јавноста ставовите и сугестиите на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд често се доживуваат како наредби кои не смеат да се одбијат. Не само поради тоа што на земјите им требаат нивните кредити, туку и затоа што се работи за големи финансиски институции во чие познавање на макроекономијата се верува по автоматизам.
Земјите на Источна Азија во текот на 1980-тите и 90-тите години многу забрзано се развиваа, а нивниот модел на развој беше познат како источно азиско чудо. Овој модел не се темелеше на рецептите на ММФ и Светска банка, туку беше прилагоден на специфичните региони. Во моделот за раст клучна улога играше државата, а не слободниот пазар. А потоа во 1997 година изби економска криза во регионот.
На кризата претходеше либерализација на пазарот на капитал, до која меѓу другото дојде под притисок на ММФ. По либерализацијата дојде до голем прилив на краткорочен (шпекулативен) капитал од остатокот од светот, а посебно од земјите на Г-7 кои практично раководат со ММФ. Речиси сите валути на земјите на Источна Азија се најдоа на удар на шпекулантите, кои се кладеа на девалвација.
ММФ потоа се најде како наводен спасител кој им позајми огромна сума на пари на владите на регионот, за да се одбрани вредноста на националните валути. Истовремено, тие пари служеа за спасување на банките од земјите на Г-7 кои пред избивањето на кризата невнимателно пласираа големи количини на пари на пазарот.
На крајот, валутите сепак беа девалвирани, а на државите на регионот им останаа големи долгови кон ММФ. Потоа на земјите од регионот им беше наметната рестриктивна монетарна и фискална политика, која само доведе до продлабочување на кризата.
За разлика од земјите на Источна Азија, Русија по падот на Берлинскиот ѕид појде по пат кој и го препорачаа ММФ и Светска банка: приватизација, либерализација, стабилизација. Резултатите беа лоши: во периодот од 1990 до 1999 година индустриското производство падна за речиси 60 отсто, а БДП за 54 отсто. Руската држава во тоа време се повеќе се задолжуваше, а каматите кои ги плаќаше растеа, делумно и под влијание на источноазиската криза. Кога во 1998 година дојде до пад на цената на нафтата, Руската држава се најде во проблем, бидејќи даночните приходи се поврзани за нафтата, претставуваа значајна ставка во буџетот. Пазарот укажуваше на тоа дека рубљата е преценета и дека треба девалвација.
Меѓутоа, ММФ зазема став дека треба да се спречи девалвацијата, бидејќи таа наводно, би предизвикала хипер инфлација и други штетни ефекти. Почна играта слична на азиската во која Русија земаше се повеќе кредити од ММФ за да ја одржи вредноста на валутата, која на крај сепак девалвираше, така на земјата и остана само долгот, без корисни ефекти по економијата.
Последици од девалвацијата кои ММФ ги предвидуваше (хипер инфлација... ) не настапија. Парите кои влегоа во Русија по пат на кредити од ММФ брзо излегоа преку сметките на олигарсите и странските инвестициски банки.
Слично сценарио се одигра и на територијата на поранешна Југославија. Пред 1980 година, СФРЈ имала просечна годишна стапка на раст од 6,1 отсто, додуша со раст на надворешниот долг. Во текот на 4980-тите ММФ и Светска банка наметнаа програма за отплата на долгот и пакет економски мерки во рамки на т.н. Стенд-бај аранжман и Кредити за структурни реформи.
Таа програма, која ја спроведуваше Сојузната влада, практично претставуваше обид социјалистичко-пазарното стопанство по пат на шок-терапија да се префрли во пазарно стопанство. Како последица од примената на оваа програма, дојде до запрен раст на индустриското производство, а потоа и до негов пад, како и до пад на БДП.
Следеше надолна спирала која почна со либерализација на цените, каматните стапки и увозот, а продолжи со низа девалвации на динарот со истовремена инфлација и замрзнување на платите (пад на реалните плати), со работнички протести и штрајкови, притисок на ММФ да се зголемат даноците и да се намали јавната потрошувачка, нови задолжувања...
На крај дојде до колапс на јавните финансии на сојузно ниво и замрзнување на трансферот кон републиките. На барање на ММФ, за да се намалат буџетските трошоци за субвенции, во текот на 1989 и 1990 година ликвидирани се околу 1.150 фирми и отпуштени се околу 615.000 работници.
Ваквите економски движења ги зголемија социјалните и политичките тензии. Целта на основањето на ММФ во 1945 година беше да се намали можноста од избивање на економски кризи во светот. Конечниот ефект беше крајно разочарувачки - од кога се основа ММФ, кризите беа се почести и подлабоки.
Иако примарната цел на Светска банка, декларативно е намалување на сиромаштијата, значи работа во интерес на неразвиените земји, се утврди дека нивната работа пред се се стреми да ги задоволи земјите на Г-7.
Активностите на ММФ и Светска банка во земјите во развој се темелат на два основни принципа: Инсистирање на идеологија на слободен пазар и римена на речиси ист рецепт за сите земји, без оглед на нивните специфичности. Тогаш не чуди дека примената на нивните совети ретко дава добри резултати.
Макроекономските модели кои ги користат овие институции во донесувањето на одлуките какви мерки да се преземат во кризни состојби, во голем дел се темелат на теории кои никогаш не се докажани. Дури, случаи во кои тие теории се користени се покажаа колку се тие неодржливи, што овие институции не ги спречи повторно и повторно да ги користат.
Во дискусии со претставници на ММФ и Светска банка и не е важо што некој зборува, туку кој зборува; нивните аргументи главно се темелат на финансиската сила на институцијата која ја претставуваат.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.