19 Декември, 2025
0.0710

SunWireless склучи договор за соработка со SBB – член на водечката телеком групација во ЈИЕвропа

Објавено во: Мои пари 08 Април, 2014 14:51

Добивај вести на Viber

Најголемиот Wi-Fi провајдер во Македонија, “SunWireless“ потпиша договор со “SBB“, водечки регионален телекомуникациски оператор и член на “United Group“ најголемата телеком групација во Југоисточна Европа. Во наредниот период промотивно сите корисници на SunWireless ќе можат со при-пејд картичките кои ги употребуваат во Македонија да користат Wi-Fi сервис и во Србија, користејќи ја хотспот мрежата на Unifi/SBB која брои над 200 хот-зони на голем број ексклузивни локации. „Среќни сме што на нашите корисници успеавме да им обезбедиме квалитетен Wi-Fi сервис секогаш кога ќе престојуваат во соседна Србија и посебна чест ни е што соработуваме со SBB како еден од водечките оператори во регионот. Се надевам дека оваа соработка ќе се развива и во иднина пред се на задоволство на клиентите на двете компании“, вели Душко Кончалиев, извршниот директор на SunWireless. Со овој договор, SunWireless продолжува да ја шири својата роаминг хотспот мрежа во регионот и на своите корисници да им обезбедува квалитетен сервис на безжичен интернет секаде каде што се тие присутни, додаваат од компанијата    

Можеби ќе ве интересира

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза