22 Ноември, 2024
0.0299

СУПЕР ДИРЕКТОР НА БАЛКАНОТ: На вработените им ги платил долговите

Објавено во: Балкан 29 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Хрватската компанија Техникс во Долни Краљевац им позајмила на работниците вкупно 250.000 куни (околу 34.000 евра) или поединечно од 5.000 (околу 680 евра) до 25.000 куни (околу 3.400 евра) за да ги отплатат долговите, поради кои биле блокирани од банките, пишува „Вечерњи лист“.

Директорот на компанијата Техникс во Долни Краљевац, Ѓуро Хорват објасни дека им помогнал на работниците да си ги исплатат долговите, затоа што кога од други фирми дошле во неговата компанија, поради блокирани сметки, не можел да им исплати плата.

„Му кажав на шефот за финансии да разговара со нив и да го реши проблемот. Ги тргнавме луѓето од банките со големи камати. На некои највредни работници им ја зголемивме платата, така што не чувствуваат дека отплаќаат рата. Тоа е едноставен модел, а на тој начин може да се спречи иселувањето од државата. Во Хрватска е најубаво, но доколку човек има плата од 3.000 (400 евра) или 4.000 куни (540 евра), тогаш е невозможно овде да живее“- вели Хорват.

Тој додава дека откако им ја зголемил платата, зголемена е и продуктивноста и квалитетот во компанијата, а со тоа и конкурентноста.

Тој на сите вработени им понудил и пет отсто поголема плата ако не пушат. Според него, тој што пуши има помала продуктивност и поголема е можноста за повреда на работното место.

Платата на работниците кои ќе добијат дете им се зголемува за пет отсто.

Просечната плата во неговата компанија е околу 1.200 евра.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„ПОДГОТВЕТЕ СЕ САМИ ДА СЕ СНАЈДЕТЕ“: Хрватското МВР подготвува брошури со совети за преживување во првите 72 часа од војна!

„ПОДГОТВЕТЕ СЕ САМИ ДА СЕ СНАЈДЕТЕ“: Хрватското МВР подготвува брошури со совети за преживување во првите 72 часа од војна!

СРПСКО МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА: Полицијата на Курти ја мина границата

СРПСКО МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА: Полицијата на Курти ја мина границата

ОСМАНИ СЕ ЗАКАНИ: Секое загрозување на правата на Албанците во Македонија ќе наиде на единство на Албанците од цел Балкан

ОСМАНИ СЕ ЗАКАНИ: Секое загрозување на правата на Албанците во Македонија ќе наиде на единство на Албанците од цел Балкан

ПО НЕСРЕЌАТА ВО НОВИ САД - уапсени 11 лица поради падот на настрешницата на железничката станица

ПО НЕСРЕЌАТА ВО НОВИ САД - уапсени 11 лица поради падот на настрешницата на железничката станица

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА СРПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: Пензиите ќе се зголемат за 10.9 отсто

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА СРПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: Пензиите ќе се зголемат за 10.9 отсто

„МАЛКУМИНА ГО ЗНААТ ПУТИН КАКО ШТО ГО ПОЗНАВАМ ЈАС – НЕМА ДА СЕ ДВОУМИ“: Вучиќ со став дека Србија мора добро да се спреми

„МАЛКУМИНА ГО ЗНААТ ПУТИН КАКО ШТО ГО ПОЗНАВАМ ЈАС – НЕМА ДА СЕ ДВОУМИ“: Вучиќ со став дека Србија мора добро да се спреми

РЕГИОНАЛНИТЕ МЕДИУМИ ПИШУВААТ ЗА ШЕКЕРИНСКА: Еве која е таа

РЕГИОНАЛНИТЕ МЕДИУМИ ПИШУВААТ ЗА ШЕКЕРИНСКА: Еве која е таа

ВУЧИЌ ЗА ПУТИН: Ако е загрозена безбедноста на Москва, тој нема да се двоуми и ќе употреби нуклеарно оружје

ВУЧИЌ ЗА ПУТИН: Ако е загрозена безбедноста на Москва, тој нема да се двоуми и ќе употреби нуклеарно оружје

НЕЗАДОВОЛСТВО ВО БУГАРИЈА: Руте избра Македонка пред Марија Габриел за заменик шеф на НАТО

НЕЗАДОВОЛСТВО ВО БУГАРИЈА: Руте избра Македонка пред Марија Габриел за заменик шеф на НАТО