СВЕСНО СЕ ПРИЈАВИВ И ЌЕ СЕ НАФАТАМ, НЕ МИ ТРЕБААТ ФИНАНСИИ И ПОДДРШКА ОД ГРАДОТ: Галетановски се заблагодари на огромната поддршка за да биде директор на ЗОО
Објавено во: Македонија 15 Август, 2024
Откако беше и остана единствен кој се пријавил на огласот за директор на скопската Зоолошка градина, и за што му пристигна огромна поддршка од граѓаните, се огласи Ѓорѓи Галетановски.
„Ви благодарам на сите медиуми што се обединивте за огромната поддршка на сите граѓани на Скопје и Македонија сите тие честитки желби и преку 2000пораки нека одат на конто на Зоо Скопје и вработените и животните таму.
Ко што прочитав денес во медиумите завршил конкурсот за директор на Зоо Ск и немало друг пријавен и ко што ветив ДА свесно се пријавив и ќе се нафатам од минус не ми требаат нит финансии нит поддршка од градот. Дал ќе го поништат огласот или ќе стават некој друг не е важно, јас пак ќе отидам и помогнам што можам. Важно е колку ЗОО Скопје е слаба и болна точка на сите граѓани. Благодарам во име на сите вработени таму а јас како и да е ќе продолжам со борбата за департизација на ЗОО СК враќање во ЕАЗА и за правата на моите колеги таму и најважно негата на сите животни“, напиша тој на фејсбук.