Светот се стопи на видеото на кое поларна мечка гали куче, но потоа се шокираше
Објавено во: Свет 19 Ноември, 2016
На социјалните мрежи вистински хит стана видеото во кое поларна мечка гали кученце, но за жал овој симпатичен гест кој ги освои гледачите не траел долго. Според информации на властите во Манитоба, Канада, задолжени за благосостојбата на животните, кучето кое било врзано потоа било нападнато од една мечка и било изедено.
Инцидентот се случил на имотот на засолниште за кучиња, по што трите мечки, меѓу кои и таа која нападнала се вратени во дивината. Експертите за животни велат дека снименото видео не е природно однесување на мечките и дека кучето не требало да биде врзано бидејќи така не може да се одбрани.