Добивај вести на Viber
Делегација на Светската туристичка организација, која функционира во рамки на Обединетите нации, од денеска ќе престојува во дводневна посета на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.
За време на посетата предвидено е делегацијата да оствари средба со раководството на Универзитетот, како и да се сретне со градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски со кого треба да разговара за промоција на проектот „Ски центарот Водно“.
Во составот на делегацијата се извршниот директор на придружните членки на организацијата, Јоланда Пердомо, експертот по односи со јавност Хозе Гонзалез Ривера и заменик-генералниот директор на фирмата „Кетчум“.
Од Универзитетот за туризам и менаџмент најавена е и средба на делегацијата со владини претставници на која покрај за проектот „Ски центар Водно“ ќе се разговара и за продлабочување на соработката меѓу Македонија и оваа организација во областа на туризмот