19 Декември, 2025
0.0593

Светски ден на семејните лекари – столбот на здравствениот систем

Објавено во: Мои пари 19 Мај, 2014 18:43

Добивај вести на Viber

Петнаесетина студентни во бели мантили и специјални ознаки им мереа телесна тежина, висина, крвен притисок и им го одредуваа индексот на телесна маса на граѓаните кои случајно минуваа покрај двата поставени медицински пултови на Плоштад Македонија. Со овие активности Здружението на лекари по општа медицина - семејна медицина (ЗЛОМСМ) во соработка со Центарот за семејна медицина при Медицинскиот Факултет во Скопје, за прв пат го одбележа Светскиот ден на семејните лекари, кој во светот се прославува од 2010 година, и тоа со разни активности. „Денес имаме причина да го прославиме тоа што Владите на земјите ширум светот од 2010 година и официјално одале признание за значењето на нашата специјалност. Оваа година како за прв пат одлучивме овој ден да им го посветиме на нашите пациенти, да го одбележиме  заедно со нив, и да покажеме дека со нив сме и во добро и во зло. Очекуваме дека овој ден од година во година ќе зема се поголем замав и ќе премине во традиција“- изјави д-р Нада Аницин, претседател на ЗЛОМСМ. На настанот беше поделен и промотивен материјал за улогата и значењето на семејниот лекар, а студентите покрај мерките на медицинските параметри на граѓаните им даваа и практични совети за општо здравје како и препораки за подобрување на начинот на живот. Концептот семејна медицина е актуелизиран во 2013 година со стратегијата на Владата на РМ преку Министерството за здравство и ФЗОМ да воведе до 2020 година специјализирани семејни лекари како водечки членови на тимовите („тим лидери“) кои обезбедуваат здравствени услуги на ниво на примарна здравствена заштита (ПЗЗ), со цел „повеќе здравствени услуги на една врата“. „Ние, т.н. избрани лекари, или матични лекари, или лекари по општа медицина  (кои од 2020 година ќе имаме унифициран назив- семејни лекари) сме секогаш подготвени за постојаните промени во лечењето на луѓето и технологијата, и подготвени сме да ја преземеме уште посложената улога која ќе ја имаме со  посложените и побројни прегледи кои ќе им ги овозможиме на нашите пациенти“, додава д-р Аницин. ЗЛОМСМ е единственото национално, стручно здружение на лекарите по општа и семејна медицина во нашата земја. Здружението е формирано во 1947 година и е член на Македонското лекарско друштво (МЛД). Исто така Здружението е член на WONCA (Светска организација на семејните лекари) и со тоа е дел од најголемото семејство во рамки на лекарската професија.

Можеби ќе ве интересира

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година