16 Јануари, 2025
0.0297

Свирчињата на наставниците одекнаа пред МОН

Објавено во: Македонија 22 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Ширум земјава наставниците организирани сами од себе по примерот на учениците точно напладне излегоа на мирен протест.

Го кренаа гласот поради незадоволувачките моментални реформи во образованието и сметаат дека Македонија е земја која има најлошо образование.

Со свирчиња и транспаренти „Вратете ни го Достоинството“ тие упатија анализа до ресорното министерство во која набројуват низа примери што не чини во образованието.

Очекуваат  дијалог и прифаќање на нивните барања од страна на надлежните институции .

Според професорката Даниела  Николова-член на Наставничкиот пленум, во време кога токму образовните вредности се загрозени, задача и морална обврска на наставниците е да го одбранат својот професионален повик, бидејќи овој пат мотивот е поголем-наставниците учат од своите ученици.

Новите реформи во образованието, според Наставничкиот пленум, создаваат можности  учениците  од млади луѓе кои знаат да размислуваат, да станат уредни машини за меморирање на одредени податоци на краток рок. Во еден таков образовен систем, велат, се оневозможува развој на мислата, на интелектот каде нема напредок ниту  подобрување на квалитетот. Дополнително, сметаат дека во креирањето на образовниот  систем не им се дозволува на стучните и професионалните во својата област да креираат напредок, па се воведува  реформа заради реформа што не носи никакви резутати.

“Во изминатиот период доволно е само да споменам дека се спроведоа проекти кои навистина му наштетија на образованието, како „компјутер за секој ученик“, екстерно тестирање, реформи во однос на матурскиот испит, кембриџ програма во основното образование, а сето тоа не промени ништо на подобро во образовниот процес”-нагласува професорката Николова.

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/03/22/nastavnichkiot-plenum-izleguva-na-protesten-marsh-ova-e-vreme-koga-pochnavme-da-uchime-od-nashite-uchenitsi/" target="blank" ]Наставничкиот пленум излегува на протестен марш:”Ова е време кога почнавме да учиме од нашите ученици”![/button]

Екстерното тестирање –најсериозен проблем во образовниот систем!

Оценувањето на знаењата на учениците, според наставниците е еден комплексен процес, кое подразбира следење на постигнувањата и напредокот во знаењата континуирано, низ целата учебна година. Учениците за нив се личности, тие имаат различни афинитети, различни интереси, имаат различни начини на искажување на своите знаења и можности бидејќи наставникот  ја следи  работата низ целата учебна година, може да го оцени ученикот користејќи различни инструменти за оценување, почитувајќи одредени критериуми на оценување кои му овозможуваат објективност во формирањето на оценката, која е израз на знаењето на ученикот. Затоа велат од Пленумот е нелогично да се помисли дека сето знаење на ученикот може да се оцени низ 30 прашања, повеќето од нив на ниво на препознавање, и сите да бидат бодувани со 1 бод. 

Екстерното тестирање, за професорката Николова  е еден од најсериозните проблеми со кои се соочува образованието  и најлошо се одразува на учениците, а измените во однос на матурскиот испит со кои се воведува математиката како зодолжителен предмет од државната матура само ја прелеаа чашата. Со воведувањето на математиката како задолжителен предмет во рамките на државната матура, вели се укинува правота на слободен избор на учениците, и не се зема во предвид дека математиката не е приоритетна за сите студии, и за сите занимања.

Тие  порачуваат “Ако образованието е најважниот столб на едно општество, а наставникот еден од важните чинители во образовниот процес, тогаш е сосема јасно дека предизвик за нас е да го сочуваме здравото општество за идните генерации”!  

(Фотографијата е преземена од РадиоМоф)

Можеби ќе ве интересира

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено