17 Декември, 2025
0.0582

Таа од сенка ги влече конците и управува со Венецуела? Запознајте ја жената на Мадуро која била моќна и пред да го запознае

Објавено во: Свет 02 Февруари, 2019 14:48

Добивај вести на Viber

Некои во Венецуела ја нарекуваат лејди Макбет. Други велат дека таа е навистина најмоќната личност - не само жена - во својата земја, личност која ги влече конците. Таа е адвокат, политички лидер, телевизиска ѕвезда и икона на стил во владините кругови, жена која облекува дизајнерски костими украсени со знамето на земјата. Запознајте ја првата дама на Венецуела Силија Флорес (62), сопруга на Николас Мадуро.


Таа е вистински верник во Боливарската револуција на Уго Чавез и позната е како  "Primera Combatiente Revolucionaria"  или „Прв револуционерен борец“.

Флорес, која пораснала во малиот град Тинкијо била позната како „бајкерка“, а на Мадуро прв пат му ја претставил Чавес во деведесетите години.


Се венчале повеќе од 20 години подоцна, откако се развеле од поранешните сопружници. И Флоренс и Мадуро биле истакнати членови на Обединетата социјалистичка партија на Венецуела. Нивната венчавка дошла само два месеци по смртта на Чавез, а Мадуро го презеде тронот. Веднаш политичките инсајдери прогнозираа дека Флоренс ќе биде силната рака на Мадуро.


Таа се наоѓа во срцето на венецуелската политика скоро 3 децении, далеку пред да го запознае Мадуро.

Како посветен лојалист од самиот старт на револуционерната ера на Чавез, Флорес служела како водечки адвокат на тимот за одбрана на Чавез и играла клучна улога во организирање на неговото ослободување од затворот во 1994 година по неговиот неуспешен обид за пуч две години порано.


Чавез во 2012 ја именувал за државен обвинител на Венецуела. Шест години претходно била шеф на Народното собрание - прва жена која некогаш била на таа функција.

Меѓутоа, Флорес и на својата позиција прва дама е далеку од тивката поддршка на сопругот.


Таа е обвинувана за многу злосторства. Во септември лани , американското министерство за финансии и наметна санкции поради корупција, трговија со дрога, и кршење на човекови права.

Имало многу обвинувања дека Флорес и нејзиното семејство се длабоко во трговијата со дрога во регионот. Во 2015 година , нејзините двајца внуци се уапсени од страна на американската агенција за борба против дрога на Хаити.


Во судското обвинение, обвинителите рекле дека тие се обиделе да заработат 20 милиони долари со продажба на наркотици како би ја „задржале фамилијата на власт“. Тие подоцна се обвинети за завера за увоз на кокаин во САД и се осудени во 2016 година на 18 години зад решетки.


Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави