17 Декември, 2025
0.0373

Тачи: Мојот народ сеуште од буџетот зема само 2 проценти!

Објавено во: Економија 22 Септември, 2013 11:35

Добивај вести на Viber

Ако продолжиме да живееме на две паралели, постои можност тие во еден момент да се судрат, вели лидерот на ДПА, Мендух Тачи во интервју за Радио Слободна Европа. Тој вели дека денеска борбата меѓу Македонците и Албанците е преселена во сферата на реалниот живот, економските, индустриските, територијалните интереси. „Андерграунд се бориме за други позиции, натпревар за други позиции, економски интереси, индустриски, територијални итн., меѓутоа ако продолжиме вака како народи паралелно да се натпреваруваме андерграунд, бидете сигурни дека таа паралела некогаш ќе излезе на виделина и постои можност тие паралели да се судрат“, вели Тачи во интервјуто. На прашањето, дали Тачи размислува за некакви промени во партијата, вели дека тоа се внатре-партиски прашања. „Јас не очекуваме вие да ме сакате мене и не треба да ме саката, треба да ме почитувате затоа што јас сум лидер на албанската опозиција и за мене гласаа околу 100 илјади гласачи. Но, можете со такви евтини квалификации, дали сум убав или не сум убав, дали ми е партијата убава или не, да ми ја затнете муцката политички да не ги поставувам работите. Мојот народ и ден денеска од буџетот зема само 2 проценти, поради поинаквоста до Македонците, од аспект на култура, од аспект на јазик итн. Дали работите му се добро поставени во партијата, тоа си е работа на партијата, не е работа на чаршија, не е работа на медиуми, јас не сум власт која ги зема парите од вашите џебови и не го злоупотребувам буџетот на државата. Одговорноста ја давам пред луѓето на мојата партија, а не пред разни шпекулации“, вели Тачи за Радио Слободна Европа.

Можеби ќе ве интересира

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди