16 Јануари, 2025
0.0284

Талески два пати неделно ќе се јавува во суд, притворот укинат

Наместо продолжување на куќен притвор доби мерки за претпазливост.

Објавено во: Македонија 19 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Битолскиот градоначалник, Владимир Талески, доби мерки за претпазливост, соопштија од Основниот суд Скопје 1.

Тој двапати неделно, секој  понеделник и петок, ќе треба да се пријавува кај овластено лице во Основниот суд Битола.

„Апелацискиот суд Скопје попладнево достави решение со кое жалбата на осомничениот В.Т., кој е дел од предметот на СЈО познат во јавноста како „Транспортер“, се уважува, а решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основен суд Скопје 1 се преиначува и со тоа мерката куќен притвор се укинува. Имено, против осомничениот се определува мерка на претпазливост, обврска истиот да се јавува секој работен понеделник и работен петок кај овластено службено лице во Основен суд Битола“- стои во соопштението на Кривичниот суд.

Специјалното јавно обвинителство во петокот до Основниот суд Скопје 1 доставило предлог за продолжување на домашниот притвор на Талески. 

Талески е првоосомничен во случајот „Транспортер“, во кој СЈО го товари за злоупотреби со превозот на ученици во општина Битола за сума од 360.000 евра.

Нему му беше одреден куќен притвор на 16 јуни, а потоа му беше продолжен на 21 јули и на 19 август по барање на СЈО.



Можеби ќе ве интересира

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено