18 Декември, 2025
0.0540

Тасевски: Штрајкот во М-НАВ останува во мирување, рочиштето сомнително откажано за да не се жалиме

Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2025 11:57

Добивај вести на Viber

Александар Тасевски , претседател на Струковиот синдикат на контролори на летање, денеска пред медиумите објави дека не им било овозможено да се жалат на одлуката да се забрани нивниот најавен штрајк на 20 октомври,со тоа што Судот го одложил денешното рочиште.

Претходно синдикатот на „Македонски навигации“ најави дека на 20 октомври од 10 до 15 часот на скопскиот и охридскиот аердором ќе се работи со намален број на прелети за 50 отсто.

М-НАВ АД Скопје вчера ја информираше јавноста дека основниот граѓански суд Скопје донел решение со кое се усвојува предлогот  за изрекување на привремена мерка – забрана на најавениот штрајк од страна на Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛ-подружница на Независниот синдикат на работниците од сообраќајот и врските на РСМ Скопје.

-Постои покана за суд за денешнотр рочиште во 8.30, Дојдовме до тужќеното барање доставено од адвокатот на фирмата, но немаше ниту покана ниту пропратно ливче од судот, ниту некој ме известил или оставил нешто за нас и ќе видиме зошто не сме го добиле тоа

Не ни беше дадено да ја разложиме нашата одбрана, рочиштето се откажа и се гледа дека е тенденционзо. Ќе го ставиме штрајкот во мирување и ќе бараме начин за да ги оствариме нашите барања.На самото рочиште ќе ги изложевме сите наши докази кои што ќе го оспореа нивното тужбено барање,рече Тасевски.

Барањата на синдикатот се пред се насочени кон вработувањата со партиски интервенции на кадар кој не е квалификуван и потребен. Тасевски додаде дека резултат на тоа е и „хакерскиот напад“ во август кога М-НАВ остана без интернет, поради што недостасуваа клучни податоци од метео службата и од центарот за обработка на летови

- Некој ќе рече дека тоа е хакерски напад, јас би рекол дека тоа е квалитет на сите тие кадри кои што ги вработија сите овие години, искоментира тој.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери