Таткото на Македон детето генијалец вели дека од институциите добиле само сликање и празни ветувања
Објавено во: Македонија 02 Септември, 2022 16:07
Владимир Димитровски, таткото на Македон од Тетово, детето генијалец, на својот Фејсбук профил објави статус во кој вели дека и покрај сите ветувања од државата за помош тие добиле едно големо ништо. Тој прашува што треба едно дете со таков IQ и со такви успеси да добие помош од државата.
,Денеска покрај медалот по математика добивме и голем пораз од државата. Имено пред неколку месеци кога Македон ги освои првите златни медали по математика бевме повикани во Министерството за образование на прием кај министерот. Таму бевме дочекани со сите почести со многу сликање, поклони, ранец и книги за Македон. И најважното, многу ветувања: прво дека ке се среќаваме еднаш месечно за да видиме како напредува Македон и на кој начин тоа да се артикулира, беше ветено од страна на министерот дека ке стапи во контакт со сите големи амбасади за да и тие помогнат во процесот на едукација на Македон, дека ќе се формира комисија што ќе направи програма за надарени деца за да може во иднина да ги едуцира овие деца. Ни беше кажано дека има потенцијални спонзори кои сакаат да останат анонимни да финансираат неограничени средства во школувањето на Македон. И уште многу други работи...И сега после неколку месеци покрај многу повици од наша страна до истото тоа министерство конечно ни кажуваат дека сето тоа било една голем фарса и дека од сето тоа што го ветиле нема ништо. Ни кажаа дека амбасадите не можеле да ги контактираат на соодветно ниво туку во неформални контакти биле незаинтересирани, дека спонзорите одеднаш станаа незаинтересирани, а државата не може да инвестира во ваков тип на образование. Со еден збор добивме едно големо НИШТО на денот кога Македон го доби третиот медал по математика замислите на светско ниво“, стои во објавата таткото на Македон, Владимир Димитровски..
Македон Димитровски е македонско чудо од дете, ученик во О.О.У „Лирија“ Тетово, има само 7 години, но решава математички задачи од втора година од средно образование. Има освоено златен медал по математика, во конкуренција со 4.000 учесници од цел свет.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




