ТЕХНОКОМЕРЦ СО ЗГОЛЕМЕНА ДОБИВКА ВО ПРВИТЕ ДЕВЕТ МЕСЕЦИ ОД ГОДИНАТА - голем удел има договорот со Лидл
Објавено во: Финансии 18 Октомври, 2025 09:31
Компанијата Технокомерц АД - Скопје успеа да оствари солиден приход во периодот јануари - септември 2025 година, а за остварениот позитивен позитивен финансиски резултат објави на Македонска берза.
Притоа како што може да се забележи од финансиските резултати објавени на берза, голем дел од успехот се должи на договорот за купопродажба на имот на Лидл.
- Остварените вкупни приходи изнесуваат 403,118 илјади денари и тие се за 36,41 отсто зголемени во споредба со вкупните приходи остварени во истиот период од 2024 година кога изнесуваа 295,525 илјади денари.
Како резултат на реализација на Договорот за купородажба на недвижен имот со ЛИДЛ Северна Македонија ДООЕЛ Скопје, Технокомерц оствари капитална добивка од 73,097 илјади денари.
Приходите од продажба достигнаа износ од 326,119 илјади денари и тие забележаа зголемување од 12 проценти во споредба со 30.09.2024 година кога изнесуваа 291,990 илјади денари - пишува во извештајот објавен на Македонска берза.
Од Технокомерц укажуваат дека од вкупните приходи 99,83 отсто се приходи од продажба на производи и услуги додека финансиските приходи учествуваат со 0,17 проценти.
Што се однесува пак до вкупните расходи тие достигнале износ од 368,857 илјади денари и тие се за 20 отсто зголемени во споредба со расходите остварени во истиот период од 2024 година.
Финансиските расходи достигнаа износ од 5,962 ијади денари и бележат зголемување од 14 проценти во споредба со расходите остварени во 30.09.2024 година. Набавната вредност учестува со 83,36 отсто од вредноста на приходите од продажба.
- Значајно е да се напомене дека на 08.02.2024 година отворена е фирма во Косово со назив TEHNOKOMERC L.L.C. која е во целосна сопственост на ТЕХНОКОМЕРЦ АД - Скопје. Вкупните инвестиции за TEHNOKOMERC L.L.C - Косово до 30.09.2025 година изнесуваа 16,488 илјади денари. Останатите инвестиции за материјални и нематријални средства за дадениот период изнесуваат 7,465 илјади денари - се појаснува во извештајот на компанијата.
Друштвото за деловната 2025 година има исплатено дивиденда во бруто износ од 952 илјади денари. Нето добивка Технокомерц АД - Скопје за периодот од 01.01.-31.09.2025 година достигнала 34,261 илјади денари.
Фото: Принтскрин/Фејсбук/Технокомерц
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката
ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“
КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНАТ ДОБРИ И КВАЛИТЕТНИ ЗИМСКИ ГУМИ? Внимавајте на овие грешки при нивно купување
Новогодишните елки поскапени – најмногу барани моделите до 2 метри





