22 Јануари, 2025
0.0247

Телеком Австрија Групацијата донира помош за засегнатите од поплавите во регионот

Објавено во: Мои пари 25 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Телеком Австрија Групацијата ќе донира 60.000 евра како поддршка на настраданите од поплавите во Југоисточна Европа. Компанијата мајка со своите подружници се согласија да донираат за да обезбедат помош и да придонесат во справувањето со оваа вонредна состојба. Покрај паричната помош, вработените во компаниите – членки на Телеком Австрија Групацијата, се одзваа на повикот да ја покажат својата солидарност за семејствата од поплавените подрачја во Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска. Вип оператор, во соработка со Црвениот крст на Република Македонија активираше линија за донација за помош на лицата од поплавените подрачја, преку која корисниците на Вип оператор можат да донираат парични средства за оваа намена. Одзивот на корисниците на Вип оператор е огромен - само во првите три дена регистрирани се повеќе од 30.000 повици. Исто така, вработените на Вип оператор на различни начини учествуваа во акциите на Црвениот крст организирани низ целата земја. Тргнувајќи од тоа дека секоја минута во вонредни ситуации е важна, а комуникацијата со спасувачките екипи е клучна за опстанокот и за ефикасноста на евакуацијата на населението, подружницата на Телеком Австрија во Србија – Вип мобиле обезбеди сателитски телефони за спасувачките екипи и единиците на Министерството за внатрешни работи. Обезбедени беа и припејд мобилни телефони, полначи, рутери и УСБ стикови за бесплатен интернет во центрите за згрижување на евакуирани лица. Дополнително, на корисниците на сите мрежи во Србија им беше овозможено бесплатно да се јават на телефонски броеви за итни случаи. Хрватската подружница на Телеком Австрија - Випнет на сите корисници во деловите од земјата погодени од поплавите им овозможи бесплатни повици, СМС пораки и интернет кон сите мрежи во Хрватска. Со оглед на тоа дека дел од инфраструктурата на групацијата Телеком Австрија во подрачјата погодени од поплавите беше оштетена, инженерите во Хрватска и во Србија, со поддршка на своите колеги од Австрија, Словенија и од другите земји, без престан со денови работеа да ги намалат штетите и да воспостават регуларно функционирање на мрежата.

Можеби ќе ве интересира

Xiaomi го проширува портфолиото на AIoT со нови производи: Redmi Buds 6 сериja, Redmi Watch 5 и Xiaomi Power Bank 10000

Xiaomi го проширува портфолиото на AIoT со нови производи: Redmi Buds 6 сериja, Redmi Watch 5 и Xiaomi Power Bank 10000

United Group влегува во производството на обновлива енергија со почетна инвестиција од 120 милиони евра во Бугарија

United Group влегува во производството на обновлива енергија со почетна инвестиција од 120 милиони евра во Бугарија

Xiaomi најави лансирање на серијата Redmi Note 14 на пазарот во Северна Македонија

Xiaomi најави лансирање на серијата Redmi Note 14 на пазарот во Северна Македонија

Врвни перформанси и извонредно визуелно искуство со Galaxy телефоните и таблетите

Врвни перформанси и извонредно визуелно искуство со Galaxy телефоните и таблетите

ФДА одобри комерцијализација на никотинските кесички ZYN во САД

ФДА одобри комерцијализација на никотинските кесички ZYN во САД

Сигма-СБ добитник на награда за верификуван македонски ИКТ производ

Сигма-СБ добитник на награда за верификуван македонски ИКТ производ

МИНТ Финтек Групацијата доби признание од ИФФК „Браќа Манаки“ за партнерството во последното издание на фестивалот

МИНТ Финтек Групацијата доби признание од ИФФК „Браќа Манаки“ за партнерството во последното издание на фестивалот

Кои се премиум работите кои навистина вредат? Вистинските премиум работи!

Кои се премиум работите кои навистина вредат? Вистинските премиум работи!

Во новата година сум #скрозјас: dm Македонија лансираше нова корпоративна кампања што ја слави уникатноста на секој од нас

Во новата година сум #скрозјас: dm Македонија лансираше нова корпоративна кампања што ја слави уникатноста на секој од нас