Тепачка со секири и шипки во Тетово
Објавено во: Македонија 24 Април, 2018 13:20
Три лица се повредени во тепачка пред пералница во Тетово, во која биле употребени и метали шипки и секири.
Според полицијата, инцидентот го пријавил вработен во пералница на улицата Благоја Тоска во Тетово. Според него, дента околу 13:30 часот, додека бил пред пералницата со неговиот братучед М.И., со патничко возило поминал Ц.Д. (51) од селото Желино, со кого од порано имале недоразбирања.
Ц.Д. од возилото упатил пцости кон М.И, по што излегол и со железна шипка го нападнал удирајќи го во левата страна на главата. Во физичката пресметка се вклучил и братучедот на М.И. кој со секира го удрил Ц.Д. неколкупати во пределот на главата и телото.
Тие биле разделени од случајни минувачи, по што Ц.Д. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клинички центар Тетово и бил задржан за опсервација. Кај братучедите М.И. и М.И. имало забележливи повреди на лицата и рацете. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




