21 Мај, 2024
0.0291

ТЕРМИНАЛИ ЗА ОТПЕЧАТОЦИ НА ПРСТИ ЗА ПОПИСОТ - ВМРО-ДПМНЕ бара, власта го разгледува предлогот

Објавено во: Македонија 27 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Владата го разгледува предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за набавка на терминали со кои би се земале отпечатоци од прсти при спроведување на пописот во април наредната година. Сепак, од Владата до таа партија не пропуштија да порачаат дека во пописот нема политика, туку тоа е статистичка операција.

„Ова се разгледува од надлежните институции, но сакаме да потсетиме дека спроведување на пописот е во интерес на сите граѓани. Државата треба да ги знае точните статистички податоци и тоа е операција која повеќе не смее да ја одложуваме затоа што нејзиното организирање за општо добро. Треба сите да бидеме свесни колку ни се неопходни тие податоци кои треба да ги даде пописот за планирање на развојот на државата. Државниот завод за статистика непречено ги извршува сите подготовки за организирање тоа да се случи во месец април 2021. Во пописот нема политика, ова е статистичка операција, ова е под мониторинг на Еуростат“, изјави владиниот портпарол Муамед Хоџа.

Предлогот на опозициската партија е да се набават 10.000 терминали за земање отпечатоци од прсти при спроведување на пописот бидејќи, според неа, начинот на кој моментално се планира да се спроведе пописот ќе даде нереални резултати односно ќе испадне дека имаме и до 3 милиони жители.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

МАРИНАКИС: Нема ратификација на Меморандумите од Преспа во сегашната ситуација

МАРИНАКИС: Нема ратификација на Меморандумите од Преспа во сегашната ситуација

КАТИМЕРИНИ: Атина ќе почека владата на Северна Македонија да положи заклетва пред да одлучи за дејствијата што ќе ги преземе

КАТИМЕРИНИ: Атина ќе почека владата на Северна Македонија да положи заклетва пред да одлучи за дејствијата што ќе ги преземе

ВМРО-ДПМНЕ ги подигна 58-те пратенички мандати

ВМРО-ДПМНЕ ги подигна 58-те пратенички мандати