Тешка сообраќајка во Охрид, еден почина откако возачите не сакале да го пренесат
Објавено во: Македонија 19 Септември, 2016
Во Охрид вечерва се случи тешка сообраќајна несреќа во која учествуваа повеќе возила, а четворица беа повредени. Сепак, жртвата не е како последица на директен судар, туку еден од учесниците во колоната чиј син учествувал во сообраќајката подоцна претрпел тежок срцев удар, но иако му било многу лошо околните возачи долго време не сакале да го пренесат во болница со изговори дека им се брзало, пренесе Охрид1.
Итната медицинска помош која веќе им помогнала на повредените во сообраќајната несреќа немала повеќе возила за да го пренесе возрасниот човек, кој подоцна е пренесен со приватен автомобил до интернето оделение на Охридската болница.
За жал било предоцна бидејќи масовниот инфаркт направил огромна штета на срцето и лекарите не можеле да интервенираат. Нејасно е и зошто Полицијата не интервенира и не го превезе човекот со едно од четирите полициски возила кои беа на лице место, пишува порталот Охрид1.