05 Јули, 2024
0.0330

ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВОЗАЧ НА ПАТОТ ВЕЛЕС-ШТИП СПАСЕН ОД МОБИЛНИОТ ТЕЛЕФОН: Еве како до ЦУК стигнала пораката, возачот е хоспитализиран веднаш

Објавено во: Македонија 29 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Центарот за управување со кризи информира дека утрово во 04.20 часот на единствениот европски број за итни случаи 112 во ЦУК пристигнала невообичаена говорна порака на англиски јазик од автоматска секретарка на мобилен телефон.

-Практично тој телефон, при излетување на возило е програмиран автоматски да дава информација на Единствениот европски број за итни случаи 112 во било која европска држава и пошироко, дека најверојатно се случила сообраќајна незгода, а лицето што го поседува мобилниот телефон не е во состојба да се јави. Во ЦУК, согласно процедурата, веднаш се забележани координатите на локацијата од каде што е примен повикот и почнува итна проверка на вистинитоста, бидејќи ваквите повици се невообичаени и се проверуваат во соработка со МВР, дали се активирани од реална незгода или се случајни. Според првично собраните („автоматски“) информации во ЦУК, претпоставка било дека се работи за сообраќајна незгода којашто се случила на територија на село Чалошево, на три километри по магистралниот пат во правец Велес – Штип. 30-ина минути подоцна од МВР е добиена официјална потврда дека повикот е вистинит и дека се случила сообраќајна незгода на магистралниот пат Велес - Штип, сега со поконкретен теренски опис дека тоа е близу на „Уни Агро“ и дека во излетаниот автомобил има повредено и заглавено лице. По извлекувањето на повреденото лице екипа од Итна медицинска помош го однела во болница во Велес, а потоа, најверојатно заради сериозноста на повредите е пренесено во Хируршките клиники во Скопје. Ова е редок пример за спасување лице кое не е можност да се јави, а мобилниот телефон автоматски испраќа порака за можна случена сообраќајна несреќа на 112. Со повикот се добиваат и координати за локација на возилото, односно повреденото лице како во случајот и најпрво се врши проверка на реалната ситуација, а потоа во согласност со ситуацијата и извлекување и спасување на повреденото лице

ФОТО: Unsplash

Можеби ќе ве интересира

„АКО НЕ, ПОВТОРНО ДА ЈА ВРАТИМЕ ГОСПОЖА КАТИЦА ЈАНЕВА НА СПЕЦИЈАЛНА МИСИЈА“? Актерот Јовановски им се обрати на амбасадорите

„АКО НЕ, ПОВТОРНО ДА ЈА ВРАТИМЕ ГОСПОЖА КАТИЦА ЈАНЕВА НА СПЕЦИЈАЛНА МИСИЈА“? Актерот Јовановски им се обрати на амбасадорите

„ДУРИ И ШАХТИТЕ ГИ СМЕНИВМЕ, НО ДОГОВОРОТ ИМА ДВЕ СТРАНИ И ДРУГАТА ТРЕБА ДА ПОКАЖЕ КООПЕРАТИВНОСТ“: Силјановска - Давкова за Преспанскиот договор

„ДУРИ И ШАХТИТЕ ГИ СМЕНИВМЕ, НО ДОГОВОРОТ ИМА ДВЕ СТРАНИ И ДРУГАТА ТРЕБА ДА ПОКАЖЕ КООПЕРАТИВНОСТ“: Силјановска - Давкова за Преспанскиот договор

ГОРИВО ПРЕТУРААТ ВО ТУБИ ИЛИ ВО КАНТИ – шокантни откритија на ревизорите за работењето во претпријатието за одржување патишта

ГОРИВО ПРЕТУРААТ ВО ТУБИ ИЛИ ВО КАНТИ – шокантни откритија на ревизорите за работењето во претпријатието за одржување патишта

„ВО МИНАТОТО СЕ ОДОБРУВАЛЕ И ПЕЧАТЕЛЕ УЧЕБНИЦИ ЗА КОИ ИМАЛО И НЕГАТИВНО МИСЛЕЊЕ ОД РЕЦЕЗЕНТСКИТЕ КОМИСИИ“: Јаневска има докази дека ниеден учебник за 7-мо одделение не е пуштен во печат

„ВО МИНАТОТО СЕ ОДОБРУВАЛЕ И ПЕЧАТЕЛЕ УЧЕБНИЦИ ЗА КОИ ИМАЛО И НЕГАТИВНО МИСЛЕЊЕ ОД РЕЦЕЗЕНТСКИТЕ КОМИСИИ“: Јаневска има докази дека ниеден учебник за 7-мо одделение не е пуштен во печат

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Премиерот реагира дека амбасадорите се мешаат во внатрешните работи и бара ако имаат решенија да понудат

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Премиерот реагира дека амбасадорите се мешаат во внатрешните работи и бара ако имаат решенија да понудат

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Не сум видела натпис во Грција со „Северна“

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Не сум видела натпис во Грција со „Северна“

ФИЛИПЧЕ МУ ОДДАДЕ ПОЧИТ НА КИРО ГЛИГОРОВ: Нема успешна сегашност и иднина, ако не ја почитуваме историјата

ФИЛИПЧЕ МУ ОДДАДЕ ПОЧИТ НА КИРО ГЛИГОРОВ: Нема успешна сегашност и иднина, ако не ја почитуваме историјата

ПРЕМИЕРОТ ПРАШУВА: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав?

ПРЕМИЕРОТ ПРАШУВА: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав?

АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ КОНТРА МИЦКОСКИ: Амбасадорите насочуваат како треба да дојдеме до полноправно членство

АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ КОНТРА МИЦКОСКИ: Амбасадорите насочуваат како треба да дојдеме до полноправно членство