27 Ноември, 2024
0.0333

ТЕТОВСКИОТ КОМБИНАТ ГО ЗНАЕ РЕЦЕПТОТ ЗА ДОБРА ЗАРАБОТКА - како „Тетекс“ прокнижи нето добивка од 660 илјади евра за девет месеци

Објавено во: Економија 27 Октомври, 2023

Добивај вести на Viber

Тетовскиот комбинат Тетекс ги објави резултатите од своето работење во првите девет месеци од годинава. Одлична добивка од 657 илјади евра во периодот од јануари заклучно со крајот на септември оваа година покажа неревидираниот и неконсолидиран Биланс на успех на таа компанија, објавен преку Македонската берза. 

Или, во однос на истиот период од минатата година тоа значи дека профитот се зголемил за повеќо од двојно, односно ако сакаме да го изразиме во проценти, тоа значи зголемување за 121 отсто.

Да видиме што вблијаеше толку да се зголеми нето добивката на тетовскипот комбинат.

Треба да се има предвид дека во првите девет месеци од годинава Тетекс оствари вкуупни оперативни приходи од 2,7 милиони евра. Во однос на истиот период лани тоа е пораст за дури 273 проценти!

Најголем дел од оперативните приходи, пак, се должи на приходите од продажбата, кои на тетовскиот комбинат му донеле 1,9 милиони евра, што значи пораст за 208 прпоценти во однос на претходната година.

Приходите од прподажба на домашниот пазар овде учествуваат со најголем дел, или од нив компанијата инкасирала 1,34 милиони евра, и во тој дел зголемувањето е за 128 отсто во однос на првите девет месеци од минатата година. 

А, иако се многу помали, приходите од продажба на странскиот пазар кои биле на ниво од 528 илјади евра, доживеале фантастичен пораст, и тоа се зголемени за 2.599 проценти во однос на лани, или се на незмисливо повисоко ниво од претходниот споредбен период. 

Прилично голем раст има и кај останатите оперативни приходи, од кои се наплатени 769 илјади евра, или тоа во одниос на истиот тајминг лани значи фантастичен пораст од 1.367 проценти. 

Од компанијата во своето образложение на финансискиот резултат велат дека приходите од продажбата на готови произвиоди се резултат од редовното работење, во што се вклучени приходи од кирии, услуги и продажба на материјали, готови производи и стоки.

Нема подетално објаснување за кои и какви готови производи станува збор, со оглед што компшанијата се откажа од својот кор бизнис, а тоа е производството на текстил, но се гледа дека и останаа голем број објекти кои ги издава и од нив наплатува солидни кирии. 

Пораснале и оперативните расходи на тетовскиот комбинат, иако нивното зголемување не е толку драматично во споредба со приходите, односно за 148 проценти, штои сепак не е мал процент. 

Или, во првите девет месеци компанијата направила оперативни расходи од 1,96 милиони евра. 

Најдраматичен пораст на расходната страна има кај набавната вредност на продадените материјали, резервни делови, ситен инвентар, амбалажа и автогуми, за што се направени расходи од 493 илјади евра, а порастот е за дури 7.551 процент!

За плати и надоместоци на вработените Тетекс потрошил 312 илјади евра, што е зголемување за 36 проценти. 

Пораст има и кај финансиските приходи, а од компанијата велат дека во нив се евидентирани приходите од примени дивиденди во износ од 1,26 милиони евра, додека минатата година тие изнесувале 465 илјади евра. 

Финансики расходи оваа година имало, за разлика од истиот период лани кога такви не биле прокнижени. 

Од компанијата во своето образложение уште и додаваат дека заклучно со крајот на септември годинава друштвото ги има подмирено сите обврски по кредити.

Напорите на менаџментот на ТЕТЕКС АД, во постоечките услови на работа, се насочени кон менаџирање на постоечките расположиви капацитети на недвижен и движен имот, како и на залихите на материјали, производи и стоки, за да се оствари приход и позитивен резултат од работењето, согласно финансискиот план за 2023 година“, напишале менаџерите на компанијата во своето образложение за бројките од финансиските извештаи. 

Н.Н.Ф. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Вработени во АЕК тријат раце, ќе им се зголемуваат платите за 20 отсто

Вработени во АЕК тријат раце, ќе им се зголемуваат платите за 20 отсто

Заработи ли Доне Таневски над милион евра на грбот на малите акционери во „Македонијатурист“? На потег е КХВ!

Заработи ли Доне Таневски над милион евра на грбот на малите акционери во „Македонијатурист“? На потег е КХВ!

НАЈМАЛКУ 250 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА: Костал ја започнува третата инвестициска фаза

НАЈМАЛКУ 250 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА: Костал ја започнува третата инвестициска фаза

ЕК СЕ ЖАЛИ НА ОДЛУКАТА НА КИНА: Макрон вели „чиста одмазда“

ЕК СЕ ЖАЛИ НА ОДЛУКАТА НА КИНА: Макрон вели „чиста одмазда“

ТЕЛЕКОМ СРБИЈА КУПУВА УДЕЛ ВО ФИРМА ЗА САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ ВО МАТИЧНАТА ДРЖАВА - зделката ќе ја разгледува и нашата Комисија за заштита на конкуренцијата

ТЕЛЕКОМ СРБИЈА КУПУВА УДЕЛ ВО ФИРМА ЗА САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ ВО МАТИЧНАТА ДРЖАВА - зделката ќе ја разгледува и нашата Комисија за заштита на конкуренцијата

БУГАРИТЕ СЕ „ОТКАЖАА“ ОД МАКЕДОНИЈА – пандемијата ги „разруши“ туристичките патеки

БУГАРИТЕ СЕ „ОТКАЖАА“ ОД МАКЕДОНИЈА – пандемијата ги „разруши“ туристичките патеки

БУКВАЛНО „ПЛАЧАТ“ ЗА СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ: На Германија и се заканува колапс, им недостигаат повеќе од 300.000 работници од странство

БУКВАЛНО „ПЛАЧАТ“ ЗА СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ: На Германија и се заканува колапс, им недостигаат повеќе од 300.000 работници од странство

ДАЛИ БЕРЗАТА ВЛЕГУВА ВО „SANTA CLAUS СКОК“: Еве што значи овој тренд

ДАЛИ БЕРЗАТА ВЛЕГУВА ВО „SANTA CLAUS СКОК“: Еве што значи овој тренд

НАЈЧЕВСКА: За мене силна економија е таа во која нема сиромашни и бездомници

НАЈЧЕВСКА: За мене силна економија е таа во која нема сиромашни и бездомници