ТЕВДОВСКИ ВО ВАШИНГТОН ГО РАЗВИОРИ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ - ексминистерот не ги напушта спортските активности
Објавено во: Македонија 21 Мај, 2022 22:09
Додека другите поранешни министри за финансии вчера беа кај првиот финансиер Фатмир Бесими на консултации за ребалансот, поранешниот министер за финансии од Владата на Зоран Заев Драган Тевдовски е во Вашингтон.
Таму, покрај со работата, се занимава и со физички активности, како што впрочем беше активен и во земјава, но не заборава и на патриотизмот и на македонското знаме, кое го развиори на стадионот.
„За првпат на Спартанска трка: Nationals Park Spartan Stadion. Многу убаво чувство на крајот бидејќи не е лесна: 5 километри качување и симнување по скали со 20 препреки на патеката, ѕидови, карики, носење на терет, качување на јаже… и пак качување по скали, по сите трибини на стадионот
Единствена можност за одмор се ретките рамни делчиња за трчање.
Одлична организација на многу убав стадион во Вашингтон. И најважното, многу убава енергија од учесниците, со солидарност и поддршка на секој чекор“, пишува Тевдовски на фејсбук објавувајќи и фотографија, на која тој е сликан на стадионот со македонското знаме.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




