ТИНЕЈЏЕР СО АВТОМОБИЛ УДРИЛ ВО ПОВОЗРАСНА СКОПЈАНКА - жената е хоспитализирана во Еразмо
Објавено во: Македонија 12 Јуни, 2024 15:59
Повозрасен жител на Скопје е повреден во сообраќајна несреќа која се случила во Охрид.
Како што јавија од СВР Охрид, во повредената скопјанка удрил тинејџер од Битола кој возел „хјундаи“.
Повредената е хоспитализирана во „Свети Еразмо“ во Охрид.
- На 11.06.2024 во 12.50 часот, на ул.„АСНОМ“, патничко возило „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(18) од Битола, удрило во пешак Р.Л.(82) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.Л. констатирани во Специјаната болница „Св.Еразмо“ Охрид. По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид - соопштува портпаролот на СВР Охрид.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




