ТИНЕЈЏЕР СО НОЖ И СЕ ЗАКАНУВАЛ НА АПТЕКАРКА ДА МУ ДАДЕ ДИАЗЕПАМ, А ПОТОА ЈА УДРИЛ - се вклучи и Обвинителството
Објавено во: Македонија 25 Мај, 2022 10:03
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје доставил Барање за поведување подготвителна постапка против дете за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик.
„На 23 мај, детето во судир со законот, на возраст од 14 години, влегло во аптека на булеварот „Крсте Петков Мисирков“ во Скопје и од вработената побарало да му даде таблети „диазепам“. Кога вработената му кажала дека таблетите не се издаваат без лекарски рецепт, тој преминал од другата страна на пултот и ѝ се заканил со нож. Потоа ја отворил касата и го одзел целиот дневен промет и повторно побарал од неа да му даде таблети. Во тој момент, оштетената го фатила за рака за да не избега, но детето ја удрило со тврд предмет и ѝ нанело телесна повреда. Вработената побарала помош од случајни минувачи кои го совладале и го задржале до доаѓањето на полицијата“, се вели во соопштението од Обвинителството.
Надлежниот јавен обвинител му предложил на судијата за деца да определи мерка притвор за детето во судир со законот, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство и да ја попречува постапката со влијание врз сведоците, како и поради фактот што веќе е евидентиран како сторител и на други кривични дела разбојништво за кои претходно определените мерки за помош и заштита не дале резултат.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето




