ТИНЕЈЏЕРСКО НАСИЛСТВО СО НОЖ ПРЕТОЧЕНО ВО СМРТ: Родители, реагирајте додека не е касно
Објавено во: Македонија 15 Август, 2019
Една од горките теми која завчера во црно зави уште едно семејство. Убиено момче а причината наводно е меѓуетничка нетрпеливост. Од расправија, до физичка пресметка и неколку кобни удари со нож во гради. Болно до немај каде ...
Но каде лежи проблемот? Што не е во ред со младите во земјава? Вложуваат ли доволно родителите, образованието, општеството во воспитувањето на младината? Од каде потекнува толку големата нетрпеливост и агресија? На оваа тема разговараме со педагогот Ружица Митровиќ...
Насилството зема замав - Социјалните мрежи се поголеми воспитувачи
Најчеста причина за агресија кај младите денес ќе ги наведам социјалните мрежи кои последните години зедоа голем замав и во голема рака влијаат на однесувањето на децата, дури слободно ќе кажам дека ја превземаат воспитната улога во градењето на личноста кај децата покрај која онаа родителската и улогата на училиштето ја губат вредноста. Потоа следуваат сите фактори кои влијаат се разбира врз развојот кај децата како што се семејството, средината, училиштето и тн. Денес децата се поведуваат премногу од насилството што постојано ги опкружува, а медиумите и социјалните мрежи тоа им го сервираат на тацна. Во натпреварот кој е „поголем фраер„ кој да биде главен, за кого ке се зборува меѓу другарите дека е „закон“, „најголем тепач“, „плаши се од него“ и сл. децата се доведуваат и до тој момент кога многу лесно, за жал, посегнуваат по оружје, во случајов (убиството од Ново Лисиче), нож“ , вели педагогот Митровиќ подвлекувајќи дека желбата за популарност помеѓу врсниците повлекува и страшни последици.
Каде затајуваат и како може да влијаат родителите врз однесувањето на децата
Вина кај родителите секако дека постои. Потребна е поголема контрола врз движењето на децата, со кого се дружат каде излегуваат и сл. Исто така треба да поминуваат квалитетно време со своите деца во смисла на искрен разговор преку кој децата ќе се ослободат од стравот дека ќе бидат казнети и ќе разговараат отворено за своите проблеми и дилеми . Во состојба на таков искрен разговор на родителите им се овозможува прилика да влијаат на однесувањето на своите деца и да се обидат да влијаат на нивното мислење насочувајќи ги правилно да размислуваат“, посочува Митровиќ.
Децата не се раѓаат со склоност кон агресивно однесување.
-Секогаш го повторувам истото „што ќе посеете на една плодна почва, тоа подоцна ќе го ожнеете“ . Проблемот кај врсничкото насилство секогаш е комплексен , никогаш не можеме со сигурност да тврдиме зошто таквото однесување станува толку популарно но како што кажав и предходно, причините се насекаде околу нас, а ние како возрасни затајуваме во објаснувањето на последиците, за жал освестувањето некогаш доаѓа прекасно како во овој случај каде изгубивме дете и исто така уште еден млад живот е потполно уништен-вели Митровиќ.
Образованието ја губи улогата на воспитувач-Општеството може да помогне
-Кога станува збор за образовниот систем јас тука би ставила една голема точка, толку голема, да го покрие зборот ОБРАЗОВЕН, затоа што образовниот систем во потполност ја изгуби својата улога и значење (но тоа е друга тема на која искрено се надевам во иднина ќе имам да кажам повеќе убави зборови). Општеството е исто така еден голем фактор кој влијае врз развојот и формирањето на општото мислење кај тинејџерите , колку нашето општество е посредено во смисла на воспоставен ред, дисциплина во однесување, закони кои важат и сл. стапката на насилство особено кај децата на оваа критична возраст јас верувам дека би била пониска или би била сведена на минимум-потенцира педагогот Митровиќ.
Во моментот на расправија, педагогот смета дека кај тинејџерите преовладува бесот и желбата да се испадне победник пред размислувањето. Освестувањето и каењето доаѓаат подоцна.
Кој е одговорен? Кој да се обвини? Родителите? Училиштата? Децата?
Како да се постапи...
Агресивоста кај децата може да се контролира, родителите мора да превземат одговорност и да се обидат да го насочат детето на вистински пат. Има многу опции преку кои може да се постигне успех во промената на однесувањето на децата но сепак најправилно во вакви и слични случаеви е посетата и разговори со психолог кој секако понатака ќе ги насочува . Употребата на ригорозни мерки ќе доведе само до поголемо ескалирање на непримерното однесување. Мора да го наведете детето да сфати дека згрешило, да го освести своето однесување. Ригорозните мерки секако ќе ве оддалечат од било какво решение на проблемот.
Ирена Ставрова
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.