ТМРО бара големите македонски партии да се изјаснат за платформата на Албанците
Објавено во: Македонија 05 Февруари, 2017 20:13
Лидерот на ТМРО, Ванчо Шехтански смета дека СДСМ треба отворено да се произнесе и изјасни околу прашањата за двојазичност и промена на химна и грб.
„СДСМ отворено да се произнесе дали за да формира влада се согласува, македонскиот народ да се извини на балистите кои патем извршија етничко чистење на западна Македонија, промена на химната, државниот грб, и воведување на двојазичност на целата територија“ - вели Шехтански.
Тој претходно побара и ВМРО-ДПМНЕ официјално да каже дека ставот на коалицијата е отфрлање на платформата. Додава дека ТМРО како дел од коалицијата За подобра Македонија отфрла секаков вид на уцени кон унитарниот карактер на Македонија, а изјавите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети и неговиот сопартијец, Бујар Османи, дека коалицијата За подобра Македонија ја прифатила платформата на албанските партии соопшти дека се невистини.
Од ТМРО побараа Македонската академија на науките и уметноста, да излезе со став за Платформата на албанските партии која според нив, има отворени претензии врз македонската државност.
Можеби ќе ве интересира
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги




