ТМРО вели НЕ за францускиот предлог со вазален однос кон Бугарија и бара права за Македонците во соседството
Објавено во: Македонија 05 Јули, 2022 16:23
И ТМРО повика граѓаните вечерва масовно да излезат на протести.
Лидерот на ТМРО, Ванчо Шехтански побара од Европската унија (ЕУ) да го признае македонскиот народ во Бугарија, Албанија, Косово, Србија и да им ги дадат сите права на Македонците во Егејскиот дел на Македонија.
„ТМРО ги повикува Македонците денес во 19 часот масовно да излезат пред Владата и да кажат НЕ за антимакедонските штетни договори кои ја обезличија македонската држава. НЕ за Охридскиот договор, НЕ за Преспанскиот Грчки договор, НЕ за обезличувањето на МПЦ и вазалниот однос со СПЦ, НЕ за францускиот предлог со вазален однос кон Бугарија. ТМРО бара ЕУ да го признае македонскиот народ во Бугарија, Албанија, Косово, Србија и да се дадат сите права за Македонците во Егејскиот дел на Македонија како и враќање на имотите на нивните наследници. Македонското прашање е единствено нерешено во Европа и ние бараме негово отварање во глобала“, порача Шехтански.
Четврти ден по ред граѓаните ќе протестираат пред Владата незадоволни од францускиот предлог.Можеби ќе ве интересира
Предлогот за разрешување на Коцевски и Резолуцијата на власта за осуда на манипулациите на опозицијата за мигрантите во Собранието
Нашинците склучуваат бракови во странство, ова се топ три земји...
И МИНИМАЛНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА БРЗИНАТА ЌЕ СЕ САНКЦИОНИРА – се менува Законот за сообраќај, еве какви новини се планираат
SMART CITY ВИ Е DUMB CITY: Колозова со критики - „никогаш нема да повеќе да возам“
ОВА СЕ УСЛОВИТЕ ЗА ДА ИМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Мицкоски без нив нема да го менува Уставот
Фото: Сите скопски градоначалници синоќа беа на плоштад: Присуствуваа на вклучувањето на новогодишните светилки
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот




