30 Декември, 2024
0.0314

„ТНТ, ТАЛИР, ТРЕЗОР, ТАРИФА, ТЕНДЕРИ, ТРАЕКТОРИЈА“: Еве кои случаи ќе застарат заради измените на Кривичниот закон, Коалицијата „Сите а правично судење“ објави детален список

Објавено во: Македонија 08 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Со донесувањето на измените на Кривичниот законик ќе се овозможи застарување на 14 судски предмети во кои се обвинети над 80 лица, според проценките на Коалицијата „Сите за правично судење“, што ја објави вчера на фејсбук, притоа напоменувајќи дека во оваа евиденција не се земени предвид случаите кои во моментов се наоѓаат во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК).

Според Коалицијата, со измените кои беа експресно донесени во текот на вчерашниот ден ќе застарат следните случаи: ТНТ, Талир, Талир 2, Трезор, Тарифа, Дизајн, Топлик, Титаник, Тендери, Титаник 2, Траекторија, Шпански скали, Таргет/Тврдина, Предмет за Стевчо Јакимовски.

Собранието  ги донесе измените и дополнувањата на Кривичниот законик со 48 гласови „за“, 36 „против“ и еден воздржан. Измените предизвикаа реакции во јавноста бидејќи се однесуваат на членови што ги „ублажуваат“ казните кои тангираат функционери, службени и одговорни лица во јавни претпријатија и установи.

Според Владата, која овие измени ги предложи со европско знаменце, станува збор за усогласување со директивите на Европската Унија. За опозицијата, тоа е обид за амнестија на актуелните функционери во случај на промена на власта. Во меѓувреме, Канцеларијата на ЕУ во Скопје проверува дали е злоупотребено европското знаменце. 



Можеби ќе ве интересира

ДИСКРИМИНАЦИЈА: Жена добила отказ поради ин витро оплодување

ДИСКРИМИНАЦИЈА: Жена добила отказ поради ин витро оплодување

(ВИДЕО) МИХАИЛОВ: Голема акција за одземање на дрва е во тек во општина Липково над селото Никуштак

(ВИДЕО) МИХАИЛОВ: Голема акција за одземање на дрва е во тек во општина Липково над селото Никуштак

ОЈО ГОКК донесе Наредба за распишување на потерница и предложи притвор за осомничен во предметот „Адитив“

ОЈО ГОКК донесе Наредба за распишување на потерница и предложи притвор за осомничен во предметот „Адитив“

АГЕЛЕР ЗА ГРУБИ: Не знам каде се наоѓа, сметам дека е важно луѓето да бидат повикани на одговорност

АГЕЛЕР ЗА ГРУБИ: Не знам каде се наоѓа, сметам дека е важно луѓето да бидат повикани на одговорност

СО „БУНКЕР“ СЕ ИСТРАЖУВААТ 18 ЛИЦА - можна е инволвираност и на други лица, еве ги деталите

СО „БУНКЕР“ СЕ ИСТРАЖУВААТ 18 ЛИЦА - можна е инволвираност и на други лица, еве ги деталите

ДЕСПОТОВСКИ ЗАЕДНО СО УШТЕ СЕДУМ ЛИЦА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ЗЛОПУТРЕБА НА СЛУЖБЕНА ПОЛОЖБА - еве ги деталите за кои се товарат

ДЕСПОТОВСКИ ЗАЕДНО СО УШТЕ СЕДУМ ЛИЦА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ЗЛОПУТРЕБА НА СЛУЖБЕНА ПОЛОЖБА - еве ги деталите за кои се товарат

АЛБАНСКАТА АЗБУКА Е ПОМОШЕН МАТЕРИЈАЛ: Министерката Јаневска за нејзиното изучување во училиштата

АЛБАНСКАТА АЗБУКА Е ПОМОШЕН МАТЕРИЈАЛ: Министерката Јаневска за нејзиното изучување во училиштата

ПО НОВА ГОДИНА ЌЕ СЕ ОТВОРААТ КОНКУРСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЗДРАВСТВОТО: Министерот Таравари најави и нови инвестиции и структурни проекти

ПО НОВА ГОДИНА ЌЕ СЕ ОТВОРААТ КОНКУРСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЗДРАВСТВОТО: Министерот Таравари најави и нови инвестиции и структурни проекти

АКО НЕКОЈ ЗНАЕ КАДЕ Е ГРУБИ, ДА БИДЕ ПОВИКАН ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО: Мицкоски за Ахмети

АКО НЕКОЈ ЗНАЕ КАДЕ Е ГРУБИ, ДА БИДЕ ПОВИКАН ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО: Мицкоски за Ахмети